досие ср.

досие (ср.)

Ги ослободувам градите од воздух немајќи кого да прашам до кога ќе ме присилуваат на најневозможни чинови само заради тоа моето досие да порасне.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Моето досие бабреше зад шифрите на челичните каси.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ме пуштија, а тој го отвори пликот, досието мое и почна да тревливи, да ги прекршува веѓите и да му се поткинуваат зборовите: марш, марш, марш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чанга им зададе невидени маки на партиските кадри задолжени за тајното козјо досие.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сигурно и нашата Сталинка беше веќе во ова досие. Кој да знае?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Впрочем, партијата сѐ уште не сакаше да се меша во козјото прашање, а и немаше директиви за акција од републичкото раководство, макар што козјото досие од ден на ден стануваше сѐ подебело и се чуваше во железната каса во кабинетот на секретарот на градскиот комитет.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И покрај, сигурно големото лично досие, визата ми е јасно запишана во пасошот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дикинсон очевидно е пасиониран консумент на Досие Х, како и на другата СФ продукција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе се надоврзам на претходното прашање. На неколкуте фотокопирани листови од каталогот на твојот последен проект „Досие ‘96“ пишува дека спонзори се две Министерства и Сорос центарот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тие ќе го имаат пред себе моето досие, нели ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дека во тие три месеци не смее да се гледа, ниту да разговара со мене; и дека во тие три месеци треба да состави комплетно досие за сите досегашни контакти со мене и да им достави сѐ што до сега во писмена форма сум ѝ предал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие беа фиксирани во некое полициско досие.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Многу беше тешко да се класира Татковиот живот во кое било судско или полициско досие.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Така пишуваше и во неговите работни досиеја.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Неговите тајни работни досиеја беа мошне лаконски, најчесто со ознаката општествено инертен, но интелигентен, коректен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ги донесоа досиејата на секој што можеше да биде тоа, ги читаа и препрочитуваа, ги отклопуваа и заклопуваа, ги исчитуваа и обработуваа, но уривачот не го најдоа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во моите чести посети во неговиот работен кабинет забележував с повеќе досиеја од Балканот, наредени едно врз друго, како вистинска тврдина од хартија, која често му ја затскриваше едната половина од ликот, кога беше седнат зад својата работна маса.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред мојата посета консултирале повеќе досиеја, бездруго и грчкото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас како да имав свое сопствено досие за палестинското прашање, кое не можеше да се смести во вообичените дипломатски клишеа кои подоцна ќе добиеја шифриран облик од прецизниот и беспогрешен шифрант во амбасадата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оттука, досието на работничките права, како составен дел од човековите права, е исклучително лошо и фрла сериозна дамка врз севкупната состојба со човековите права во нашата земја.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе