достоинствен прид.
достоинственик м.

достоинствен (прид.)

Стоеше достоинствено со детето на раце и чекаше, пак според адетот, човекот да ѝ каже што било.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Директор е во едно лезбиско кабаре, достоинствена дама.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И како ќе може да ја поднесе крвта на полжавчето и како ќе ги остави очињата негови на мртва, премрзната трева, достоинствениот црн гавран да го огледува едновековниот клун во двете стаклени зеници?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Трпев достоинствено. Величествено. Неповторливо. Ќе останев на нозе и под вулканска лава.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така наредени ги наведоа главите во знак на понизност а кадијата излезе пред Ајша, која се тргна од вратата и достоинствено испушти: – Што прават моите самовили?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И како што беше спокоен, достоинствен, наеднаш се возбуди и вџаши. – Од кое место сте вие? – пак праша и ѝ се приближи на Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Достоинствено се симнува и застанува меѓу скараните со строг укор во очите; тие се смируваат за миг и гладно испитуваат на чија страна е.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Забележливо витка. Грациозна. Чекори полека. Достоинствено. Фризурата крената; косата собрана на темето. Разголен врат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од ѕитчето пак се појави момата. Како и секогаш, таа се искачуваше полека, мирно и достоинствено...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога врволицата дојде пред конакот, валијата, со целата своја величина и достоинственост, се појавува на балконот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Есенската слана беше ја оседела неговата „брада" и тој изгледаше како достоинствен старец кој се приготвува подолго да се одмори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Достоинствениот стил на „Скантеа“, во една длабока перспективна глетка, го разбива - елисовидно искривената и хармонизирана линија на куполестата велесаемска палата, во чија далечна заднина, во фонот на оваа панорама, се издига нова населба, со згради и станбени блокови кои, по својата архитектура, претстаувааат нешто најсовремено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Простран, со водоскок, во самиот центар, на чии оснежени фигури наседнале младичи и девојки, фрлајќи топки од снег, обиколен со монументални објекти - старата зграда на општината, градена во минатиот век, достоинствена, со голем градски часовник, со две цркви, кои се реновираат, а во дното се златее големата и монументална „Палата на Републиката“, во која само во еден нејзин дел е Претседателството на ДР Германија, а сѐ друго во овој огромен комплекс служи за обичниот граѓанин - за негова разонода, пред сѐ за младината.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Трпев достоинствено, Величествено, Неповторливо. Ќе останев на нозе и под вулканска лава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сенката на манастирот паѓала на другата страна, кон густите полусуви и сѐ уште неизгорени смреки премалку достоинствени за својата жилавост, кон зимзелената расфрленост што горе, под најблагиот превалец се проретчувала пред старци дабови, и пред парченца млечна покривка на снег со четирипрсни траги на лештарки и со лански примки за горски еребици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тука беше нашата мајка и нашата баба Русинка, таа достоинствена полничка старица, со долги белоруси коси, со позлатени прамени што ѝ паѓаа врз широкото чело, со густи веѓи и сини добри очи, која ја вардеше мајка ми од смртта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во него владеел чист, исклучително достоинствен морал и тој формулирал голем дел од десетте заповеди, и тоа во време кога народите кои ѝ припаѓаат на денешната цивилизација, сѐ уште им принесуваа човечки жртви на крволочните идоли.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа беше беда, достоинствена беда.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Полошо и од сиромаштија, затоа што во неа можете да се препуштите, да пропаднете, да се опијанувате; но ова беше сиромаштија што не се предава, достоинствена сиромаштија.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Повеќе