доушник (м.)
- Ние двајцата убивме еден доушник, рече војводата, поземајќи го ножот, и сега и ти можеш да дојдеш со нас.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас сум борец, другар Захаријадис, а не душкало и доушник!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Утешно е тоа што тие не се сеќаваат на моето име, но нивните служби веќе прекопуваат по картотеките и кај да е доушниците ќе им го шепнат моето име.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Започна да трага – отпрвин незабележително, потоа сѐ понервозно; на третото зајдисонце, пред гробот на мачениците во апсидата на мартириумот, еден од доушниците му дошепна дека каменот е сокриен во домот на трговецот Моше, синот Азаев, во еврејскиот кварт.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Имаа уфрлено и свои доушници на власта, божем козари меѓу вистински козарите на кои им читаше и коментираше слободоумниот и храбар Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Главно биле ситни озборувачи кои со своето поткажување не им нанеле голема штета на други луѓе, некаков вид системски доушници чија што соработка била повеќе од автоматски тип, нешто како членство во пионерите или слично.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
И сочини Писмородецот точно триесет и две букви, триесет и две сликички за зборови триесет и два без кои не може ниеден владетел, и кои нужни му се во уката на владеењето со други, меѓу кои најважни се: „јас“, „власт“, „уво“ (доушник што значеше, човек што слуша кој што говори за власта и потем преподава кај царот) и други, а писмото тоа изгледаше целото вака: Кога виде отец Стефан дека е добро словото што со своја рака а со писмото новородено го сочинува логотетот, му предложи да издаде заповед: по целото царство да се изучат сите нови букви; писарите, отците, управителите и сите грамотни да ги заменат старите со нови букви, за да го разбираат владетелот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Доушникот некој го излажал или намерно му подметнал погрешна информација.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Еднаш тоа беше ефтин полициски доушник кој веднаш ја покажуваше вистинската карта, а другпат, ќе им се придружи некој натрапник, верувајќи дека ќе извлече некоја пара од наивните старци, макар што тие не играа за никаква парична добивка.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Следејќи ги наредбите од Атина, органите на грчката црковно-училишна пропаганда во Македонија уште од порано се ставиле во служба на турските власти и многумина од нив се претвориле во опасни доушници и непријатели на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Не одморајте, не заспивајте. Бидете будни и на штрек, удвојте ги стражарите, утројте ги доушниците, ѕиркачите и пазачите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Нема Парламент, нема пратеници што се проѕеваат, што спијат, нема бандоглави министри, кариеристи, Нема митаџии, контролори, наплатувачи, струјаџии, водаџии, нема ни патарини ни царини, а што е најважно: нема ни пци ни доушници, ти речи ги: кодоши.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Стегнете ги вашите доушници.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тој не разговараше на оваа тема со неа, препушти работите да ги води Круме Волнаровски со неговите соработници, но лично ја надгледуваше нејзината активност во Центарот или информациите за тоа ги добиваше од Андон Клековски, негов непосреден доушник, контролор без одредено работно време и без конкретни обврски кои би биле видливи за клиентките.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)