дрпа (несв.)
Кога коњаниците се доближија до селаните, овие почнаа да се караат, да викаат, да се дрпаат и да се туркаат.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ме фрлаа сѐ повеќе, дрпајќи ме и викајќи од радост.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И јас и другите другари на секој дел од снагата имавме по некоја лузна или сини колтаци, а кошулите и палтата ни се раскинати од дрпање.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога се правеше гробот, кога ќе почнеа темелите да му се копаат, да се поставуваат темелници на споменикот, се канеа сите блиски и роднини на покојникот, како куќа да се прави: се колеше јагне или овен, се редеше главата во темелникот, се правеше ручек, се викаше попот, и тука заедно со мајсторите се јадеше, се пиеше; пред тоа, попот Матлија со крстена водица ќе го осветеше гробот, ќе му пееше молитва, ќе фрлаше поглед на плочите и камењата стокмени за споменикот, ќе ги пофалеше мајсторите што ги делкале, домаќинот што стокмил пари за споменикот, а потоа, сиот измастен од месото што го дрпаше, го поземаше бинлакот со вино и долго го држеше на устата како да го подува.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Овдека, вели Јон, овдека нешто ме јаде, ме гризе, вели, ме тера да се чешам, да се дрпам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Рипнувам и ја дрпам Уља да се разбуди. - Стани, мори Уљо, велам, сѐ живо се разбудило.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тие колнат, молат за нешто, вели, се дрпаат и се виличат, се фалат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го дрпам и ги расфрлам парчињата околу креветот, ги подлетнувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Некое клекнало до мртвата мајка: ѝ ја мрда главата, ја дрпа да се разбуди.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ние само се дрпаме, кинеме меса.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Санџак-бегот, сѐ уште со огромна тага во очите, го водеше ибн Тајко потаму, како да го дрпа на јаженце.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Градот е брз, градот е хаос полн со урбани легенди лажни јадни безделници што дремат на кафе во полни кафеани со душите гладни Рурални фаци со вратоврски во трка по бизнис и зделки матни циганчиња боси навлечени на лепак дрпаат случајни минувачи и странци
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)