другарува несв.

другарува (несв.)

Ако религиозните и националните пропаганди не посакаат да го воведат нашиот јазик во своите училишта, се разбира дека само таму каде што живеат Словени, и ако им забрануваат на своите учители и попови да другаруваат со македонската интелигенција и општество од другите пропаганди, тогаш македонската интелигенција и народот, без разлика на пропагандите, треба да изнајдат пат со којшто ќе може да се казни таа пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нешка со големо задоволство му услужи и уште повеќе се ослободи да другарува со Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Стојана навикна како на другар и брат, но од Неда се некако му се тресеше душата и никако не сакаше да остане насамо со неа, макар колку да другаруваа. Не знаеше ни тој, ни таа што ги плаши толку едно од друго, но, ете така, просто се плашеа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откако ручаа, Трајанка, единственото девојче што веќе неколку години другаруваше со нив и во ништо не беше подолу од ниедно од децата, го изваде од торбата шишето што утрината случајно го понесе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зашто тие двајцата во едно маало растеле, другарувале, комити заедно биле, залакот леб што се вели, го делеле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Беа вежбари во еден вод. Другаруваа, заедно со сите земјаци во нивниот полк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Потоа, продолжи Вера, - таа му раскажала за другарувањето со неговата другарка и за тоа колку им било тешко да се разделат кога решиле да одат, во различни средни училишта.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Добро, реков, да излезам од празниот амбар, доста другарував со глувците.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ден и ноќ другарувавме, одевме на забави, на седенки, на серенади, гоневме бандити...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Задоволни се од другарувањето со другарчињата од другите градови, а и чистиот планински воздух и сонцето ќе им останат во долго сеќавање.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Заедно учевме и другарувавме“ Овој податок дробната жена го прими без да го примени изразот на лицето и пак ништо не рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Домарот, стрплив како цел век да скокал по карпи, а ниеднаш да не исчашил глужд, милозлив како повеќе да другарувал со светци одошто се среќавал со крадци, без збор се врати со другата врвца клучеви и отклучи една ќелија во конакот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ме измачуваше сознанието дека мојот Ведран другарува со грдите сомненија; дека моето откритие може да го навреди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сколовранец меѓу врабец и гавран, се сети кога другаруваше со нејзиниот помлад брат Бане, сегашен секретар на големо претпријатие.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој ме посетува не само затоа што сме роднини и затоа што многу сме другарувале како деца и во младоста, туку и затоа што ме почитува, има потреба да поприкажува со мене за да сподели некои грижи и мислења.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Многупати другарував со ГРЕВОТ со тој бесрамник и подлец знаеше да ме излаже често а јас да му верувам слепо
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ноќва виното другарува со моите усни додека ѕвездите прават пат за твоите мисли... јас ги редам зборовите како мозаик...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Нејзината рака верно другарува со хартијата, пеејќи за родната Македонија, за Европа, за храброста и смртта на македонските херои, за кошмарот и агонијата на душевната болка, за Колумбо, за силата на љубовта, за верата христијанска ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)