душеме ср.

душеме (ср.)

Од камен соѕидани, од едно одделение, немалтерисани ни однатре, а камо ли однадвор, без никакво душеме, со две врати: една голема на средето на ѕидот, обично на источниот ѕид, другата малечка, само човек да може да се протне со наведена глава, на спротивната страна од големата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Виде — не видов, чу — не чув". Со еден збор Доста беше слуганка, да го чува детето, да го капи и да го пере, да измие пијатата, тенџерињата, душемето на одајата да го истрие, прашина да избрише и нешто да помогне на готвачката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Линијата се редеше по петте собрани прсти на разни прекршители на дисциплината, а при големите „престапленија“ се применуваше и драконскага „валага“ та дури и граовите зрна истурени на земја (бидејќи собата немаше душеме) на кои за казна клечеа на колена „престапниците“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само уште дедо Бошко седеше крај огништето во големата чадлосана одаја со земјено душеме и чепкајќи го лулето што го имаше допушено, нешто си мислеше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Местото им помага, луѓето се итри, храбри, па дури и дрски, та ништо не можевме да направиме – почна да се правда Суљо, земајќи ја чалмата од душемето. – Е, како не можевте? – праша разбеснет кадијата. – Сите ве истепаа, што ли?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Чакарвелика се печеше овде на сонце и се плашеше од зимата кога ќе треба да се прибере во анот усрамено да го слуша кркањето на вратите и душемињата дури во мозокот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја израмни од едната страна отсечувајќи ја колку што може на крајот, ја посла на душемето, зеде едно парче за урнек од исечените и со него почна да мери и со ножот да бележи каде ќе ја расечува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кладе една рогузина на душемето и ја легна мајка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Реди: греди, трупчиња, душемиња, колца, коралници, пељушки. И со рацете само мавта, ја турка водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој опет човек, земјата се витка под него. Ко гнило душеме се витка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сосема мирно, но со оној решителен, јасен глас одговори: - Сакам да запомнам, Аритоне Јаковлески, непопустливо рече Кејтеновиот син подигнувајќи ја главата од душемето, смело дрско загледувајќи се во очите на силниот управител.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таа како заклано пиле се фрлаше на душемето. Проклет да бидам, одвај со вода и шеќерче ја повратија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сѐ така со глава кон душемето, како вистински крадец тихо, немоќно одговори: - Сакав да направам мајка, - шепна Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А внатре само едно голо и празно душеме. Чавкарница...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Целото душеме послано со четворни мазни плочи, тука, пред олтарот се креваше за две скали и малку потаму почнуваше иконостасот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ја оставам да прави што ќе прави и еве сум на вратата од големата свечена сала на Парламентот чие душеме го украсуваат мозаици, ѕидовите огледала и слики од нашите стари мајстори, а тука се и двете колонади мермерни каријатиди.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Прво би почнал да паѓа покривот врз таванот, таванот врз душемето, душемето врз тлото и потем сѐ ќе се урмелиса надолу во бескрајната сина длабочина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со друг се прпелка по душемето и си го поти газот од рипање.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Душемето ги покажа чамовите штици со кафеавите шарки низ нив од чиј насмев чиниш и одајчето како да се подрашири.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кон мензата на градежното претпријатие Бетон беше придодадена една одаја, ѕидана, легната на самата земја, оти душемето на одајчето од надворешната кал ја делеше само едно прагче два три прста дебело.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Повеќе