душкало (ср.)
Јас сум борец, другар Захаријадис, а не душкало и доушник!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Баш во мигов, пак, Краснојарск е домаќин на тајната конференција на сибирските алхемичари кои се договараат како, без никој да дознае, да извезат црвена боја за фустанот на сопругата на американскиот претседател за свечениот прием во Белата куќа во чест на кинескиот претседател, отшто во белата куќа меѓу сите зналци и душкала има и такви кои знаат дека џиш црвената може да џишне на незгодни места, може да џишне мнозина, а богами може да џишне и цели народи, ако алхемичарите се вљубени во џишнувањето.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Само еден непроверен ишарет од душкалото Душка, не беше доволен да го убеди дека Рада се наоѓа во Америка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Неговото душкало, другар од детството на кој единствено можеше да му верува, во писмата што му ги праќаше не успеа да му пише нешто со кое ќе го израдува.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)