евала (изв.)
— Евала бег, евала! — благодарат селаните околу него и подава секој по некое шише со ракија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Суло ага се разнежи кога се сети оти четири години не го видел сина си, и уште за малку што не се разлигави, па продолжи: — Евала, кардаш, на сите!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Евала, бег, евала. Ти многу ме заборчи мене.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Евала, рече Мурад, направи благ наклон спрема Софронија и пак со рака го покани да седне на одреденото место на килимот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Евала, евала, илјада пати, милион пати евала...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)