егзархија ж.

егзархија (ж.)

89. На Мисирков секако му правело впечаток тоа што ТМОРО во своите основни акти имаше една „интернационалистичка” платформа, а во своите практични настапи им даваше повод на некои набљудувачи на движењето да ја сметаат како експонент на бугарските цели во Македонија, бидејќи го опфаќаше претежно егзархиското население, ги толерираше егзархиските цркви и училишта, а им се спротивставуваше на другите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
19. Додека во Македонија беа отворени српски и грчки конзулати, бидејќи Бугарија во тоа време уште беше вазално кнежевство на Турција, во македонските градови Солун, Скопје, Битола и Серес беа отворени бугарски трговски агентства што всушност ја вршеа истата работа на конзулатите и заедно со егзархиските митрополити ја раководеа бугарската националистичка пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од самиот зафаток на револуционерната организација Македонците во Бугарија, или со бугарско образование, работеа под маската Бугари, едно затоа што така се викаше голем дел од населението, а друго, што по тој пат можеше да се добие поддршката на бугарската влада, на бугарскиот народ и на Бугарската егзархија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Познаниците прилепчани направија постапки и Бино стана даскал во своето село, плаќан сега не од родителите на учениците, како што беше дотогаш Чало во Витолишча, Петко во Бешишта и други, ами од „народната каса", т. е. од Егзархијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, од овие причини — за да ја засили б'лгарштината по Мариово — Егзархијата отвори третокласно училиште и пансион во самото Витолишча, но, тоа таму не можеше да се одржи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овој и ваков Бино, со два класа гимназија, многу добро си ја бркаше даскалската работа: да ги научи децата да пишуваат, да читаат и псалат во црквата, но загрижен за својата материјална положба сосема малку работеше на националното подигнување на народот па и тоа што го правеше, го правеше во насока што му ја укажуваа егзархиските луѓе, т. е. кон Б'лгарштината.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но егзархијата, којашто вие уште од почетокот ја гледавте накриво, ви го попречи патот за емиграција, којашто вие ја експлоатирате уште од 1862 година па досега, по долго и горчливо искуство, ве прапозна кои сте и какви сте; а бугарскиот народ, кого вие го лажевте уште од почетокот на своето ослободување, ги одврати од вас очите откако ги одврати и своите надеж.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За да одговориме на вашите факти вие треба да ни објасните до каде, имено, се простираат вашите етнографски граници на југ и кои места влегуваат во границите на вашата Стара Србија, зашто според нашите етнографски и географски знаења, фактите, кои вие ги набројувате, повеќе зборуваат во наша корист, т.е. не дека егзархијата ги изнасилува Србите за да го примат бугаризмот туку дека вие и вашата влада го правите тоа со бугарскиот елемент во Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На 28. 2. 1870 година, со царски ферман од грчката Патријаршија беше издвоена една посебна верска јурисдикција - бугарската егзархија кон која, за да се заштитат од насилството од грчкото духовништво и за свој автономен духовен и културен развој, многу славјански општини се приклучија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мерџанов да се заземе пред Егзархијата за да се назначат учители по македонски градови така како што предлага ЦК, се јавил сериозен спор што бил од принципиелен карактер по прашањето за односите меѓу атентаторите и ЦК на МРО.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие Македонци што ја признавале Патријаршијата често ги нарекувале „Грци“, а тие што ја признавале Егзархијата - „Бугари“, а приврзаниците на српската црковно-училишна пропаганда - „Срби“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гемиџискиот кружок се замешал и во општествениот живот во градот, Во 1899 година, по иницијатива на велешкиот егзархиски владика, требало да се изгради камбанарија кај црквата „Св.Пантелејмон“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Егзархијата не се меша во боговите.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
По формирањето на бугарската Егзархија во 1870 таа го презела лидерството во црковната и школската борба, не само во Бугарија туку и во Македонија и настојувала да ја попречи секоја самостојна активност на Македонците за независност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со чиј ум ќе ја прајте? Со умот на егзархијата или со умот на патријаршијата?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)