едуцира (св. и несв.)
Таа беше едуцирана на инакво однесување, на друг јазик, на потивок говор, на друг начин на облекување, на други вредности, нејзиниот маж на симболично навестено, ненагласено носење брада, на класична музика, на Европа, на германски повлијаената кујна, на фин бекерај, не на груби лебови, симити и јадења што се носат на глава во зачадените турски фурни, на инакви вкусови, со други културни печати, на Западот, во кој Истокот се вплетуваше како идеја за далечното потекло, длабокиот корен, идентитетот положен во далечините од минатото.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Луѓето во него препознаа интелегентна забава и можност во слободното време да се едуцираат.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Затоа е клучно работниците, преку т.н. синдикално образование, да се едуцираат за позитивните прописи кои се однесуваат на работничките права и несебично да се ангажираат за ширење на оваа благородна идеја.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Никогаш стручна литература за која што тој сметаше дека не е доволно едуциран, без разлика колкав беше хонорарот.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Значи, едноставно сакал да ме едуцира, култивира.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)