економика (ж.)
Централното управно тело, кое ќе има можност од повисоко гледиште да ја разгледува широката област на социјалната економика, ќе ја регулира таа област онака како тоа е корисно за целото општество и ќе ги предава средствата за производство во најквалификувани раце, а особено ќе се грижи за постојана хармонија меѓу производството и потрошувачката.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Суштината е во тоа дека Кауцки ја откинува политиката на империјализмот од неговата економика, говорејќи за анексиите како за политика што финансискиот капитал ја „претпочита“ и спротивставувајќи ѝ на таа политика друга можна божем буржоаска политика врз таа иста база на финансискиот капитал.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
За да му дадеме на читателот колку што се може пообоснована претстава за империјализмот, намерно настојувавме да приведеме што повеќе одзиви на буржоаските економисти, кои се принудени да ги признаваат беспорно утврдените факти на најновата економика на капитализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Економиката на филмските средства пред Ворхол не ја наоѓаме во американскиот филм, барем не толку радикална...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)