експресија (ж.)
ГРИНАВЕЈ: Да, бидејќи телото ги манифестира сите физиолошки дејствија со јасна експресија - ждригање, копулација, земање храна, повраќање.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но духовно- историскиот премин од раната во доцната ренесанса, од сублимирачката класична ренесанса во новата „маниристичка“ експресија, пресудно и витално се одвива низ делото на Микеланџело.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Заедничката карактеристика на уметниците од КоБрА е нивната тенденција кон слободна експресија на себеси, преку директна и сетилна интеракција со светот, демонстрирана во начинот на кој тие ги обработуваа сликите и ги комбинираа материјалите. Margina #21 [1995] | okno.mk 111
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тоа дело е шокантно различно од вообичаените Китови експресии.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Самосвесната софистикација на современиот интелектуален дискурс стои во јасен контраст спрема Мецгеровите субјективни „зборови“, емоционалните зборови што збунуваат, но коишто се непогрешиво стварни, директна експресија на замешаниот, страсен, лут и заплашен виктимизиран човек.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но импресијата и експресијата кај нашава поетеса не стојат во некаков јалов, одн. „школски”, коректен, корелативен момент од кој се забележува некаква „гола акрибија” или евентуален обид да се испроба вештината на „стилските вежби” во зададен поетички формат кој би бил самодоволен или „самозадоволен” од апсолвираната лектира...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Фацијалната експресија ми беше хоби. Согледував дел од нивните животи.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Следната, т.е. интелектуалната страст следува при тој разговор, односно, ако наидеме на добра снаодливост во одговорите, добра гестикулација и фацијална експресија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)