елем (чест.)
Криви прави, какви такви, елем, улици се.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Некој пченица, некој 'рж, некој јачмен за коњот, елем двесте куќи — двесте кутли; тие ти се дваесет и пет кила жито.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Малку благ од тиквата, малку лут од црвените пиперки, малку повеќе солен, елем, залак се топи, пиперки се шмукаат, бардакот се накрева де од еден, де од друг.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Ен, ден, дину, сава - рака тину, сава - рака тика така, елем белем буф, триф траф труф - Америка туф!“ На крајот останува моето: Хм!
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)