емпириски (прид.)
Стариот материјализам со својот чисто емпирички метод никојпат не можеше да го види нивното единство, нивниот премин една во друга, па затоа неговото познавање на објективниот свет и на општеството беше ограничено, неполно, мртво.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
А Бидејќи податоците веќе поседуваат форма, „нашите фундаментални конструкти би биле a posteriori и според тоа во континуитет со другите емпириски хипотези”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Така, за Kelly, сета човечка когнитивна активност е емпириска, и конструктите можат да се применат на било што од некоја индивидуа.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Како што треба да одговараат на емпириските податоци, така и моделите треба да можат да се имплементираат; тие мораат да имаат доволно внатрешни детали и прецизност за да можат навистина да се извршуваат на компјутер и да го продуцираат опишаното однесување.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Емпириската социологија со практични цели беше таа што ветуваше дека ќе ги разреши општествените конфликти, ќе ги спречи штрајковите, несигурноста и нередите, то ест ќе им помогне на луѓето и институциите да ги реализираат своите цели.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но во прашањата од витална важност - што значи, практично, војната и полициската шпионажа - емпирискиот приод сѐ уште се поттикнува, или барем се толерира.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Емпириската метода на мислење, врз која беа засновани сите научни достигања во минатото, е во спротивност со најфундаменталните принципи на Ангсоц.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа не се случи, делумно поради осиромашувањето предизвикано од долгата серија војни и револуции, делумно затоа што научниот и техничкиот напредок зависат од емпирискиот начин на размислување, кој не можеше да преживее во едно строго устроено општество.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ова е значајно да се потенцира поради два фактори од технички и емпириски карактер.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Уште полошо, може сосема да ги исклучат ваквите црти од анализата – ако се мерат емпириски флуктуации (според регион, општествен сталеж, раса, род или сексуалност) кои имаат само квантитативна, описна вредност и кои остануваат културно неутрални, наместо да бидат квалитативно значајни и културно истакнати.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ричард Флорида, економист и општествен теоретичар (како и самопризнаен хомосексуалец), можеби, му дал на тој древен сомнеж нова, емпириска подлога.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мојот приказ е апстрактен, крајно шематски и несомнено симплистички, но барем го крепи извесно количество емпириски докази – имено, доказите што ги дава една критичка анализа на машките геј-културни практики и на пошироката културна поетика врз која почиваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)