етимологија (ж.)
На тие два принципа одговара: 1. прилепско-битолското наречје за литературен јазик, како еднакво далечно и од српскиот и од бугарскиот јазик и централно во Македонија, 2. фонетскиот правопис со употребените писмени знаци во оваа книга и со мали отстапки на етимологијата, и 3. речничкиот материјал да е збир од сите македонски наречја. 155.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И така, историјата на културниот развиток на народите, во согласност со нејзиниот од, содејствува: или за чисто етимолошки или историски правопис, или за мешан – етимолошко-фонетски или историско-фонетски, или најпосле за чисто фонетски правопис.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
130. Словенецот Франц Миклошич (1813-1891) е еден од најистакнатите слависти во 19 век, автор на „Споредбена граматика на словенските јазици”, „Речник старословенско-грчко-латински” и „Етимолошки речник на словенските јазици”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Да обрнеме внимание, сега, дека Duchamp-овиот портрет на налепницата од шишенцето за Belle Haleine, Eau de Voilette, ја прикажува пред сѐ неговата глава, и дека односот помеѓу зборовите „глава“ и „сад“ може да се согледа како во светлината на етимолошката анализа, така и во алхемиската традиција.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Историјата и знаењето, istoria и episteme секогаш биле определувани (не само од страна на етимологијата или философијата) како свиоци на видикот на повторното присвојување на присутноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Имено, во етимологијата на зборот Естуар (лат. Aestuarium), се содржат неколкуте значења кои фрапантно конгруираат со поетичките генералии на оваа книга: ...морска бара, лагуна или утока на големата река, а од друга страна Естуација – бранување на морето проследено со морски пени, кое во поетскиот (фигуративен) говор би било рамно на бурните страсти, немири и емотивни вриежи од кои се формираат поетските слики иманентни на романтичарско – симболистичкиот дискурс...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Но Татко беше помалку поттикнат од етимолошкото потекло на зборот или од неговите слични облици во балканските јазици, отколку од својата лична кадиска диплома, чија валидност мораше да ја докажува во режимите низ кои мина: на Република Турција, на монархија Албанија, и на социјалистичка Југославија...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)