железнички прид.

железнички (прид.)

Знаев дека порано работел како чирак во железничката ложница, потоа како трговски помошник и најпосле во некоја леарница накрај град.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Крај живата багремова ограда на дворот минува една линија од скопската железничка мрежа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЛИЦА САЗДО - Крупно мажиште, средна возраст; во железничка униформа, ноншалантно облечен, често распетлан; питом карактер, природно интелигентен.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Искинатите телефонски мрежи и железничкиот сообраќај меѓу Битола и Солун, запалените беговски чифлички кули и слами, оружаните напади во целиот битолски револуционен округ, поразите на аскерот скоро во сите операции, му задаваа сериозни грижи не само на валијата и пашата во Битола, туку го натераа сериозно да се замисли и Хилмипаша во Стамбол, а преку него и самиот султан Абдул Хамид.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој се наоѓа до главната железничка станица и е еден вид нејзино продолжување, а по него се движат и електрични возови, има патеки за пешаци и за автомобили.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во неа се наоѓа срцето на градот - неговите артерии, главната железничка станица, најубавите булевари и авении и хотели.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека се спуштате од „Монпарнас“ кон „Сен Мишел“ и навлегувате во Латинскиот кварт, не се губи од пред погледот еден од највисоките објекти кој сега се гради пред железничката станица во Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оттогаш во песокот градевме воденици, мостови, градевме железничка линија што поминуваше отаде џаде и задолжително трите вагони и локомотивата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Старата железничка станица, која сега сосема е пуста, со отчепени врати и прозорци и со распрчкани огради, порано, пред напуштањето, воопшто не беше таква.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Германците и Бугарите, кога, во 1941-та, повторно ја завојуваа Потковицата, покрај што ги обезбедија сите завои, сите усеци и мостови на Битолско Џаде, па мостовите и завоите на Црна, и мостовите и усеците на железничката линија, Германците, сами, на Чауле поставија осматрачница.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По завршувањето на некакво техничко училиште во Крагуевац, Неделко долго службуваше по малечките железнички станици низ Србија и низ Босна, сѐ додека, во 1934-та, не го донесоа за шеф на Бакарно Гумно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Трчам на железничката станица, а Михајло Горачинов ако е среќа да ме најде, знае кај да ме бара.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се протегнавме дури до железничката станица, вели, на нас беше и оружјето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се извирам под надвозникот на Малата железничка станица, цепам преку пругата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поминати се дваесет и една година од првиот писок на Стивенсоновата парна локомотива - во Германија и во Белгија се градат железнички линии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На железничката станица долго ме гушкаше и ме советуваше: „Умен да си, бабин. Да не скиташ. Да не се тепаш. Да не правиш некаква беља.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Паркчето, притеснето меѓу железничката пруга и сообраќајницата, претставува идеално место да се гледаат забрзаните автомобили: можеш да ги броиш, да запишуваш регистарски броеви.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Среде овие градби се ширеше пространиот плоштад, можеби единствен со ваква големина на Балканот, со излези кон Камениот мост и главната улица што завршуваше пред Железничката станица.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со оваа нова градба, како и со блискиот Дом на Армијата, изграден на местото на една џамија во форма на бурма и позната како Бурмали–џамија, спроти зданието на големата банка, со зданието на големата железничка станица, една од најубавите на Балканот во речиси ориенталната касаба, се наѕираше моќта на новата држава.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе