забавиште (ср.)
- Догодина Ели ќе ја запишеме во забавиште, - рече Вера откако завршивме со ручекот, па ја погали по косата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Кога ќе му дојдат другари - ќе има другари и другарки како во Кочани - ќе можат да седнат дури и на подот - баба му даде сосем нова черга... ќе има другари и другарки... ќе има... ех, Јана... срипа, ја отвори последната фиока и оттаму го зеде албумот... милата Јана... ја засака како сестричка, пред да се роди Мими... еве ги заедно во забавиште, на приредбите во кои учевствуваа, еве ја и последната - збогум забавиште мило - заминуваме на училиште!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- Како резултат од генетско модифицираното ѓубре вашите ќерки уште во забавиште ќе имаат поголеми цицки од Благица Павлаковска.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
По шест години, кога малата требаше да добие потврда од матичниот лекар дека е здрава и дека може да оди во забавиште, по целиот пат додека мајка ѝ ја возеше, викаше на цел глас и плачеше, божем ѕрцките ѝ ги вадат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сите деца мора да донесат во забавиштето ако сакаат да се запишат во него.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)