задоволно (прил.)
Двајцата побратими задоволно се смешкаа, пушеа и пиеја кафе.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Богословот му подаде четири фотографии и ги спружи јаките нозе задоволно замижувајќи кон сонцето.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја симна таа тежина од својот грб и длабоко задоволно се издиши кога го испрати Сефедина со врзаните бунтовници.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Насмеј се задоволно, но не речи дека ова е фамилијарност и протекција и дека ја навредува твојата пролетерска свест.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Гласот на тоа човече со уморна насмевка брчеше задоволно и еднолично.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ги прегледува сите и откако ќе се увери дека се полни, задоволно го затвора креденецот.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Учителката ги растури чипките од масата и рече задоволно: - Девојчиња, денес ќе учиме везење. Сакате? - Сакаме! Сакаме!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тоа беше мала изложба и јас задоволно се завртев.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Се сврте послушно и задоволно.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Мегалон ги обиколуваше своите маслинарници и задоволно ги триеше рацете.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Му се зарадуваа на сонцето, му се зарадуваа на синото небо, на облаците, на ветерот, се зарадуваа и почнаа да раснат. Ѝ се радуваа на пролетта, на летото, на есента, а кога ќе дојдеше зимата задоволно го сонуваа долгиот зимски сон.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
„Ќе имам злато за цел живот!“ - си мислеше задоволно враќајќи се кон старецот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
ЛЕНА: (Задоволно се смешка.) Имате ли мајка?
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Капетанот задоволно пак се насмевна и рече дека распитот е готов.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Љаке задоволно отиде да каже дека едниот, посилниот, го наговорил да се борат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Французот беше толку зафатен со панталоните што кога беше готов, задоволно си ја стави раката на стомакот и дури тогаш ја крена главата и ги здогледа двајцата бугарски војници.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Кога ја одврза црната шамија и светнаа златните лири, Арслан задоволно ги протрлка дланките од своите меки раце и го опомена Трајка да не ги брои: — Брак, коџабаши, брак!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Задоволено беше со месо. И со друго јадење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но и од она што можеше да прилега на судир и караница слабееше, се губеше во подвреснувања и задоволно подвикнување додека лелеавото оро се извлекуваше од црковниот двор под нишки на штотуку почнат дождец.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Студената плоча чувствуваше како му ги лади вжештените усни кои трепереа од возбуда и радост, ја бацуваше неговата икона и ја гледаше како првпат да ја гледа, ги гледаше очите на светецот кои светкаа задоволно, радосно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)