закрпен прид.

закрпен (прид.)

На Паљо лицето му се издолжи, под расечената горна усна двата долги заба влажно светнаа; ја извлече бубачката од левиот џеб на закрпените панталони и болно застенка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Зелената басмена кошула ишарана со разнобојни јави му беше секогаш извадена над панталоните одамна износена и закрпена на колениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На нерамната, проредна турска калдрма лежеше долгонот човек во широка облека закрпена на колениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Навистина, не одеше само во алови кистови како Жиовката и Мита Доломарова, но затоа пак не можеше човек да ја види искината, закрпена или извалкана и исчурена, како што одеа Пиловите невести на кои преѓеска им се смееја со Митра.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Таман се позавати горедолу со сермиичка, па ете, го најде ампа, му умре Стоанка и сега пак остана како никој нигде, ни опран, ни закрпен, ни асолно најаден и одморен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И зашто бев мошне малечок го нацртав човекот на два дела, таков каков што беше, и со закрпени ланталони.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тргнав низ училницата, но сѐ уште не бев сигурен дали сум закрпен убаво. Раката ја држев превиткана одзади. ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но Мира ми свика: - Не срами се, убаво си закрпен, - и ме турна внатре.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Отсекогаш ли беа тука овие видици од црвоточни куќи од деветнаесеттиот век, со ѕидови потпрени со искосени греди, со прозорци закрпени со картони и со покриви од 'рѓосана тенекија, со смешни дворни ѕидови накривени на сите страни ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стварноста ја сочинуваа застојани градови во распаѓање, низ кои потхранети луѓе шлапкаа во чевли што пропуштаат, живееја во закрпени куќи од деветнаесетиот век кои постојано смрдеа на зелка и на нужник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓу зимските алишта што ги чуваше мајка му здиплени лете под нафталин на дното од креденецот, го пронајде својот омилен сив џемпер, продрснат од носење и закрпен на лактовите, па го оддипчи и сосе нафталинот во него ги завитка цокулите и така стуткан го пикна во раницата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кошулата не мораше да му е нова, но секогаш чиста, испрана и испеглана, со закрпени лактови и изедени манжетни, а вратоврската секогаш иста, еднобојна и темновишнова, во знак на протест што уште во младоста му било забрането да врзува црвена врска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)