заменка (ж.)
Несвесно за својата спекулативна моќ низ времето, тоа го размножува првичниот визуелен, колористичен или звучен архетип во безброј нови заменки но никогаш тоа битие во животот, по силана сè, нема да успее да се ослободи од маѓепсното дејство на неговиот прв оган, прво оро, на неговиот прв збор.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Заменката „него“ таа ја изговара со очигледна голема буква.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ние - тоа е заменката на повторно пронајдената автентичност, а отсега тоа е име за обврзувачката хомогеност; беше тоа топол простор на братството по оружје, сега е празна падина на која бледнее и се замрзнува јавниот живот; беше тоа раѓање на една заедница самата од себе, сега тоа е исчезнување на секакво растојание, па затоа и на секоја можност за соочување на нејзините членови; беше тоа крик на револт, сега е солилоквиј на моќта.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Фамозната збирштина на негативна енергија под разни општи заменки како „тие” или „некои” се главните генератори на кризиве кои ги споменуваш.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Јас гледав во формуларот: на него беше составен еден ужасно патетичен текст, во кој најгоре, на почетокот, стоеше: „ЈАС“ (подоцна многу размислував за значењето на заменката „јас“ во партискиот и општествениот живот, воопшто), „Потресен и огорчен од она што се случува денес со здравиот народен дух и народната уметност, која е обесчестена, пристапувам кон Партијата на здравиот народен дух и се обврзувам дека дење и ноќе ќе работам на поткревањето на тој дух до степен на усвитеност, дека ќе му ги вратам часта и достоинството и дека...“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Стихувај ме тихо, велиш ти
од другата страна на заменките
глаголите се ту повратни, ту неповратни
бирај со кого и на кој начин
ги сложуваш времињата
и ги менуваш (за една ноќ)
именките и придавките, по род и по број.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Јас“ е сѐ уште сосема само-доволна заменка, дрско распослана по целата ширина и должина моќно исперчена, пркосна Па, сепак...
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
„Сега таа (Шефот мислеше на Ема; тој секогаш, дури и кога во себе ја анализираше ситуацијата, имињата на соработниците ги прекриваше со заменки), треба да се употреби, всушност, таа сега ќе може лесно да се манипулира.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сепак, тоа неочекувано и мигновено пресретнување на нашите погледи, ја отвори приказната за „НиЕ“, но не како предмет, како досие, и не за ние на кое никогаш не инсистиравме како на заменка на она што заеднички го работевме, туку за ние што произлегуваше од таа работа и кое, очигледно, остануваше и натаму да трае во нас двајцата и покрај тоа што, според моето првично и не докрај оформено сознание по пресретнувањето на нашите погледи, нѐ обземаше чувство на длабока вина.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Камилски, откако реферира за зборовите за кои беше задолжен од областа на духовниот живот, верата, потоа за именките, заменките, придавките, прилозите, сврзниците и извиците, коментирајќи ги најкарактеристичните за да бидат внесени во конечната листа, неочекувано за Татко, се задржа најмногу, како што си вети во подготвителната фаза, на турцизмот филан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко најмалку очекуваше дека оваа турска неодредена заменка, од арапско потекло (на турски falan, на арапски fulan), но набргу, откако Камилски реферира за нејзината генеза и значење (некој, тој и тој) и посебно за фактот што големиот француски славист Андре Мазон ја анализирал и ѝ посветил посебно место во своите Документи, познати како Словенски прикаски и песни од Југозападна Македонија (1923), забележани за време на Првата светска војна, кога како резервен офицер на француската Источна армија, со други илјадници француски резервни офицери, голем број интелектуалци од најразлични професии, ќе се најде на Балканот, посебно во Македонија и во Албанија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој најмногу своето внимание ѝ го посвети на неопределената заменка фалан, филан, филанка.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Впрочем, песната отвора простор за многубројни „ние’, за многу жители во таа множинска заменка: таа го замислува обожавателството како простор за многубројни колективи создадени поради љубов и идентификација, која не е ограничена на еден род и на една сексуалност, сите настрано сврзани преку своите трансверзални односи кон филмската ѕвезда и кон нејзиниот мас-медиумски приопштен лик.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)