замрзне св.

замрзне (св.)

Нејната студена душа, гледајќи ја одблизу смртта - замрзнала сета.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Стравот ги замрзнува срцата. Ќе се сети смртта дека на Козјак лежи такво и такво село што треба да плати данок со неколку живи жители.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со големите волчи заби гризеше камен за да не му се замрзнат разглобените вилици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стражаровото лице е замрзнато во маската на мирна рамнодушност. И двајцата не мислат на тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше синозелен мраз во неговата длабочина, беше искадравен во дебелите столбови мранзули, полеани и плиснати надолу, како замрзнувањето да беше фатило и скаменило само еден миг од разиграноста на палавиот поток, со сета негова боја, со сиот негов немир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дојде зима и падна првиот снег. Надвор сѐ замрзна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Сите негови патувања одамна беа испатувани, татнежот на неговите тркала беше замрзнат засекогаш.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го фаќаш со рацете - за час ќе ти замрзнат и ќе поцрвенат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А сепак, морничавото волчешко завивање му ја замрзнуваше крвта во жилите, му ги запираше мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На Кулета и Андона оваа им беше прва работа од ваков вид и затоа на двајцата почнаа да им бијат силно срцата, а вилиците да им се тресат та забите почнаа да им штракаат, небарем замрзнаа од студ во топлата пролетна вечер Толе ги теши со шепот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ајде стани, му велам, ќе замрзнеш овдека, ебаго.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така, ноќта да преседат, да замрзнат сосе вошки, сосе болести.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еда, од вратот, по браздичето, па прудолу, преку газ, право в петици. Еда, ме замрзна, да му ја запоебам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Реков примерен, проклет да бидам, поради тој збор за малку да го замрзам целиот свет.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И никој веќе не се сомневаше дека најпосле и на овој проблем ќе му се стави точка, кога однекаде пак, по којзнае кој пат, се јави нејзиниот глас, рече: - Ајдете, - ни довикна, - што сте замрзнале, одете!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Стресените деца во салончето што чекаа на ред зинаа од чудо, им замрзнаа малите, рибји очи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- А зошто, бре, неранимајко, - трас - се слушна шлаканица и пцост - те прашувам тебе, никаквецу, си ги замрзнал децава, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Замрзнав... Седнав на нејзиниот кревет, и ја зедов десната рака во моите широки дланки и почнав да ја галам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Имајќи го на ум ноќешниот разговор со Лазора Перуноски, дека може Хаџи Ташку и дружината се кријат на чифлигот јали Муслиоски јали Мустафовски, рече Најарно е, Тахир бег, ние првин да извидиме дали ајдути ни се кријат кај некого овдека, во Потковицата, без тој да знае, јали во плевната, јали во копите, зашто и ајдутите не се баш толку мажи па да ајдутуваат по вакво време, и тие носат еден живот, а не повеќе, и нив може да ги замрзне студ јали волци да ги раскинат, а потоа, ако не ги фатиме овдека, ќе тргнеме во потера по нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стравот ги замрзнува срцата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе