занемен (прид.)
А дедо Бошко седеше до огништето спроти Лумана сиот занемен од страв да не се случи најлошото.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сликите, стиснати во рамката на отворениот прозорец, беа необично живи и подвижни, затоа во собата се беше во некоја темна, студена неподвижност, сѐ, дури и оној мирис што го имаа старите куќи во занемениот град.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Луѓето околу него слушаа занемени од големата болка што ја лееше кавалот...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Големите деца се свртуваат натаму и остануваат занемени.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Се скочанивме. Стоевме збунети и занемени.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Што е? – прашуваа Французите по француски. Што е? Братучедите го разбраа прашањето, но беа толку занемени што не можеа да се сетат на ниеден мајчин збор.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ја зеде кутијата и кутрите двајца толку беа задоволни од ова што го сторија та збор не можеа да си речат од занеменост.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Клука како по мене да клука додека брезата се рони пред занемените дрвја.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Сѐ гледаме занемени, замаени, уплашени. Не знаеме како да си помогнеме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Безглавото бегство на луѓето, гладните крикови на птиците, неподвижната слика на утрото, покосените деца во дворот, вошките, мртвата вода, занемениот воздух, сувиот ветар, пожарите - во мене родија нов, сѐ уште невиден страв.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Јас останав занемена, зашеметена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го гледавме занемени: десниот образ сиот модринка, на челото фластер, десната рака во гипсен завој.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Вратата ја отвори мајка му на Љупчо. Занемени гледавме во неа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Гледав во зината мечкина челуст занемен, далдисан.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Само очите на учениците, занемени и зачудени, ги следат бавните движења на учителот.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Јас гледав занемено во него и не можев да сфатам: дали не знае што се обидовме?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дали ќе заборавиме на наградите и пофалбите што ги освојувавме за нашите творби? - читаше Филип со возбуден глас, па направи куса пауза погледнувајќи кон присутните кои занемени го слушаа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Ама јас никому не сум рекол...“ рече Влатко и се фати во лага - а што ако нешто разбрала од Теми, махинално погледна угоре и ја виде Теми - занемена стоеше - со показалецот на цврсто стегнатите усни - значи - таа ништо не рекла.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Касапите, луѓето свикнати на колеж и крв, исто ќе останат занемени.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Јас останав стаписан, како од гром погоден, занемен. По неколку секунди таа како да се прибра.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)