занес (м.)
Да, слугите на Арес ќе го слават, мајко, сето што тој го сторил в подвиг смел, и сите певци ќе те слават секаде по светот со еден занес толку врел.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Во тоа време руското општество се занесувало со словенофилство. Тој занес им зеде околу 250.000 души војска и милијарди рубли.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Последните сокови од занесот на Русите, и со тоа и надежите на Македонците на Русија, беа голтнати од Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Халт!„ рекоа и полека, како ловци на кои пленот им е в раце, се доближуваа, носеа во себе со тоа чекорење некоја урнувачка музика, занес на џинови се и чинеа што можеа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Пушката на брестот уште чадеше на бинтарскиот занес на војниците испари.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Со мака држејќи ги клепките над очи, како да се бори со тежок сон, Ване тивко изрецитира своја песна за девојка што во љубовен занес цела ноќ одела и плачела а од секоја нејзина солза на земјата останувал по еден бисер.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Роденден. Каква е таа бесмислена идеја, тој тетребски занес за сопствената личност. Роденден!
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Лицето му се подмлади, забите станаа побели и посветкави, и тој, во сладок занес, ги склопи очите, свечено носејќи ја во себе скриената болка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во тој занес од свирки, песни, ора и ѕурење се отвори вратата и на неа се појави старата Ајша со скапоцен прибор за шербет.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Овој занес соединуваше и по плажите, маслиновите и смоквините грмушки, по лозјата, во лотките, дури и по голиот крш.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тоа беше некаков умилен занес што го ослободуваше човекот од болната поврзаност со реалноста.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Занесот со кој го изговараше овој збор влеваше во Анината снага љубоморно стреснување.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Пијанството, што го носеше крвта, сетена на острината од гладните секачи, завладуваше пред неговите очи над сите тие парталави, тела, а ударите на забите по секој празен заграб ги тераа да завиваат од таа ужасна грозница; беше една глад, кој ништо не беше во состојба да ја утоли; таа растеше со секој дофатен залак, таа побеснуваше во својот лудечки занес, разгорувајќи се, тука, пред неговиот прозорец, а нејзините писоци од болка и од настрвеност говореа и за можноста од тој испреплеткан јазел на крвавото беснило мнозина од нив да излезат и без своите сопствени колкови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ живо е во еден сладок занес, сите грижи се фрлени настрана, секој со секого е брат, секој со секого е пријател.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Дали тоа беше сон, дали беше занес, не знаеше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Какви мириси, какви убавини доаѓаа оттаму?! Те фрлаат во занес!
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Слегов во полето по умори и гори по талкање низ облаци по занеси и призраци пусти стапките топли ги барам на тие далечни зори штом идеа зарудени од шамаците густи.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Едниот ќе поведе во својот утрински занес пречекувајќи го сонцето другите го следат во складно безредие и еден по друг се редат во устремот на денот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Изгледаше некако во занес, како малку внатре да ѝ беа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во страшниот сон ја чу, нејзиниот глас го пробуди, со изгорени усни, во сон, во магија, во занес рече: - Мајко, мајчице мила!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)