запарен (прид.)
Не фолираше во тоа одредено време на месечевото движење и раѓањето на невидливите призраци и страшила во тие летни, запарни ноќи, кога неговото далечно детство со глувчешки скокови го прерипуваше подот на скоро празната соба заградена со жици на нејасен страв, тој недозволен грев роден од сенките и мрзнењето на светлоста.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во тој неделен ден го тргна од тежок, опоен сон некаква улична расправија. Беше запарно и здодевно. Воздухот просто се лепеше за душник.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И како е запарно овде. Врелина му ги потиснуваше градите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој одново се зафати да ја прогонува смртната ладнина во телото на својот другар. Запарност му лежеше на плеќите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Денот ја наполни пештерата со луда белина, а со неа Арсо ја чувствуваше запараноста и сувоста.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)