запече св.

запече (св.)

Токо ајде, ти нацепи некое дрво, јас ќе запеча троа месце да поручаме, па да заплескам некоа и друга погача, да го вата црниот петел.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа ја запече малку сланината, ги нафрла во тукот колбасите и, да се покаже пред новата јатрва салам домаќинка, стана, извади од вратките на ноќвите едно грне полно со јајца и удри да крши врз колбасите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А кога ќе запече сонцето житата бујат, израснуваат високи и в лето даваат богат род, - заврши дедо Стамен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сертиот тутун му го спржи јазикот, му го запече грлото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога ќе ми се запече грлото, го бацувам и чувствувам како во мене шумат манастирските извори...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бакнежот ме запече. Посакав да извикам: - Се лажеш, мамо!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Грлото го запече, сѐ повеќе го обзема загриженоста и некаков таинствен страв.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка му дотурува од ѓумот... а тој срка густо запечен и лут грав, фрла в уста здиплени фелки леб...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)