запир (м.)

Се согласи. Ги наполни широките гради со воздух и брзо, без запир зареди: - Авганистан, Авива, Абеба, Акропол...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Меѓу два залака варена пченка тренираме продолжен запир на здивот и дури утре ќе забележиме дека сме испокасани од невидливи мушички.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Се качуваме, се качуваме, заведени од надстварноста меѓу два врва во еден запир на здивот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)