запоставен (прид.)
Ама, мораш некако да се подотераш, да си ги освежиш запоставените образи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се стрчавме кон морето и веќе пливавме, меко собирајќи ги и издолжувајќи запоставените клетки на нашите тела.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Козата остана на страната на сиромасите, зависните, запоставените, спротивставените... – Така значи дошло на Балканот до изреката „Да му цркне козата на комшијата!” – извика задоволно Чанга. – Но, имало и полошо! – рече татко.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ако воопшто постои надеж, таа мора да е во проловите, зашто само таму, во тие раздвижени, запоставени маси - 85 отсто од населението на Океанија - може да биде генерирана сила за уништување на Партијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Горниот кат, колку што можев да видам, беше доста запоставен, бидејќи Симон боравел главно долу.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
По онаа бура, по оној гнев на Симона, повреден од тоа што Лена не му се дава, ранлив кога беше во прашање брат му Борко заради чувството дека предноста и грижата и на родителите и на другите била секогаш свртена кон него, а тој божем запоставен, а сигурно и заради внатрешната потреба да го симне од себе товарот на едно сведоштво на злостор, по таа бура, значи, по тој гром што ја удира Лена, таа го врти мојот телефонски број што бев ѝ го оставил кога летото, пред можната прослава на јубилејот на браната, ја бев посетил кратко во Долнец.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Суштеството беше премногу запоставено, желно за мирен сон, гладно за духовна храна, премрзнато од студените погледи на Еразмо со кои секојдневно беше шибано, како потсвесна самоомраза, небезбедно од острите стрели на стравот на Еразмо, што напаѓаа со налет врз него секојдневно, згора на се, осудувано со самообвинувања поради немоќта да се сака себеси.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
За разлика од него Изабел постојано зборуваше но и прашуваше така да нималку не бев запоставена од неа.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Затоа, тој особено ужива во запоставените артефакти од претходни периоди кои целосно отелотворуваат разни старински, застарени стилови.271
Земете го, на пример, следниов запис со датум од 1945 година од дневникот на британскиот писател Дентон Велч, во кој бележи едно среќно откритие до кое дошол во некоја продавница на половни работи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)