заправо прил.

заправо (прил.)

Заправо, секаде каде што Турците сакаа Јован гледаше за себе да си направи разонода и да земе по некоја и друга бела меџудија; „за да ѝ купи на „посестримата“ локум, чешел, огледало, та дури негде такцуам и в'нени шамии".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Блискоста со вас ... заправо со тебе, ми дава спокој. И само тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа безначајна значајност на македонската политичка борба на културната сцена се состои во тоа што: 1. процедурите и настаните во таа борба ги заменуваат и потиснуваат достигнувањата на онаа автономна културна продукција што вака-така е создавана во времето на социјализмот; затоа што 2. замената на културното производство со културнополитичките дебати не е ништо друго туку оживување на идеолошката машинерија на општеството преку интелектуалците кои, по промените од 1989/90, пак ги заземаат оние истите двојни позиции на лојалисти и воедно критичари на власта, позиции што ги заземаше и некогашната интелигенција на просветлениот (СФР)Југословенски социјализам; и конечно 3. затоа што учесниците во актуелните внатремакедонски борби се заправо носители на една иста концепција за култура - а тоа е идејата за „висока култура“ со која се репрезентираат државата и нацијата. Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Заправо, „Мрак“ е некаков интерфејс, шатор, она „штрак“ пред да светне мракот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Заправо, можел да излезе жив.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
1. По технологија, тоа е главно вака: откако ќе се постави претставата, делото по правило го снемува, Режисерот го има во главата, нему не му треба (поправо, тој го има во главата уште пред претставата; а по претставата, воопшто не му треба, заправо му пречи, зашто треба да му влезе во главата друго дело според кое ќе ја прави следната претстава).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А најпосле и - кога заправо живеел тој син на Пајко, Бајко или Тајко?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Избран ли е наврапито, избран ли е со некаква злоба меѓу толкумина други, или пак со него валијата, сметајќи го за слабак, одново си поигрува ликувајќи, за да му каже кој е заправо тој, не она што мисли, па да го понижи, и да го примора уште еднаш на покорност и спремност да биде благодарен на сѐ?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не е чудо, како што е прилежен во учењето, тој и сега да си ги припомнува неправилните француски глаголи, и заправо оттука да се објаснува неговата усредсреденост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Заправо, единствената убава асоцијација што театарот ја буди во мене е сеќавањето на Пепи Мирчевски кога играше некоја античка драма на Охридско лето, а актерскиот костум му го беа накитиле со кондоми полни со вода - ние му викавме: „Пепи, пази да не се запиеш некаде со кондомиве“, а тој ни одговараше „Не ми е мене страв да не се запијам, страв ми е да не се заебам!“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тој дури сега забележа дека заправо за сето време го држел показалецот од левата рака токму на тоа место меѓу листовите, за да не си го загуби редот во читањето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тие дури како да го забораваа нејзиното присуство и никој не подозираше дека е таа заправо најжив учесник на овие вечерни собирања и дека нешто настанува во нејзината душа: под благиот глас на Пискулиева ѝ 'рти зелено пламенче од срцето, така како што целата зима неусетно 'рти тврдиот компир и чека само малце топлина да го издигне своето мало зелено бајраче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)