зар (чест.)

Зар не се сеќавате, клетници, божјата рака како ве разори, смачка?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ја натера гневот, та викна луто мајчината уста: - „Зар повтор со злосторни ужасни мисли сте полни, скитници, грабливи страчки?!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Зар пак, о, разбојници, кроите некакви волни убиства, кражби и пљачки?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Зошто тоа да биде така? Зар и црквата не треба да биде: Едина, Соборна, Вселенска и Апостолска?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И вистина, зар ќе се реши еден искрен патриот Македонец да ги жртвува: Костур, Лерин, Битола, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетово, Скопје и др. за соединувањето на Македонија до левиот брег на Вардар со Бугарија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зар не му мислат Србите оти со успехот на востанието, ако се праша: на кој јазик ќе треба да зборува судијата, да речеме, во Тетово? – автономната влада што ќе биде од „мнозинството“ ќе одговори: на бугарскиот: истото ќе го одговорат и месните жители, зашто во нивните очи Бугарите, а не Србите излегоа херои.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зар тоа не е работа? – Така, сакам и јас да копам ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Кај е ? – се зачуди светлокосиот. – Зар не знаеш.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кузман се обидуваше да ја фати за рака, таа се тргаше, нишаше глава и пискаше. - Не, не... Зар овде? Види го ти безобразников.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Зар ќе му и ткам кошулите, гаќите, гуните или сакмите?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зар е важно дал нѐ плиска залез или зора по образот блед.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Пријателе мој, зар те губам зашто те љубам, зашто те љубам?
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Зар да сум натажен, зар очај да ме фати што негде замина и може не ќе се врати?
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Што бара тагата издајничка во очите Еден нем допир зар пробудува едно болно врискање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Зар јас верувам во тоа? се грчи Митре и ги стиска рацете под мишки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зар не се вее златниот полумесец од Багдад до Виена, Техеран и Тунис?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но зар цветот треба да свене, пред да ја раскрие својата миризба?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зар и болот и смеата? Копаше и наоѓаше: бол беше мојот пријател и умре како бол, далеку од сите палми.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
МЛАДИЧОТ: (В лице.) Зар се важни имињата на предавниците?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Зар хашиш и овде? - За пари сѐ може.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе