заслепи (св.)
„Ајде боже, поможи", ми рече тој, тргна од пагурчето и го пробуцка лулето што беше се угасило дури го слушаше Ристета, па му вели: — А бре, така си е, Ристе сето шо го велиш, токо кога ќе заслепее човек, нишчо не му се гледа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тие веќе воопшто не можеа да мислат, да гледаат, беа изгубени до немајкаде, заслепени.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Но Борис Калпак и по истрелот стоеше со кренати раце некако потсмешливо исклештен над крвта што се цедеше од едната негова плешка, бездруго и од градите, иако јас тоа не можев да го видам, па веднаш другиот измеќар го принесе врвот на својата кубура до устата на ранетиот и сепак несовладан бунтар и истрела, нѐ заглуши и нѐ заслепи, мене можеби само, нѐ покри со чад и со црвен блесок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со страв очекуваното вжештување на жолтата боја во чиј сјај просто не можев да гледам стана сеќавање со самото тоа што тоа заслепување го очекував.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Зарем толку беа заслепени да не ги видат последиците од уништувањето на козите?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Оттука тој минува!“ Ги зграпчија копјата со своите оклопени прсти, и ги заслепија коњите, навлекувајќи им ги визирите преку очите.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Околу нив жабите ја отпочнаа својата немилосрдна хорска изведба, постепена, им се чинеше - невоедначена како нив, иако заслепени, љубопитно свесни за тоа, малку повеќе отколку свиткувањето на малиот прст, допирот на пивските кригли, заедништвото на Мек Кол - усогласувајќи се себеси во ритам секција на виртуозно дуо за кратки воздишки, извици; тој пуфкајќи повремено од цигарата за време на изведбата, капчето за бејзбол потскокнувајќи безгрижно, таа привикувајќи го нестабилното чувство на заштитеност, никогаш до крај прекршен Пасив; сѐ додека најпосле, попуштајќи под налетите на глупавото крекање на жабите, легнаа не допирајќи се.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Оттука не ни е веќе тешко да заклучиме дека во овие филмови вистинскиот трагичен јунак е остарениот, галантен, но „виновен”, „негативен” татковски лик - мора до крај да бидеме заслепени со холивудската идеологија (што Хичкок тука успешно ја минира), ако не забележиме дека и Дописникот и Озлогласената се изградени на контрастот меѓу „негативниот јунак”, кој е во суштина единствената човечки привлечна личност, и „позитивниот јунак”, кој е сосема банален лик - а во тој контраст секако не ни е тешко да ги препознаеме спротивностите меѓу поединецот на „автономната” етика и „хетерономниот”, „кон другите насочен” поединец.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Татко продолжил: - Фашизмот е кобен, ќе заслепи и ќе запеколи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И одеднаш, сонцето се навали сосема на планината и силен одблесок од едно стакло на џипот ме заслепи сосема; во моментот кога видов светлина, десет илјади пати посилна од сонцето, кога веќе не гледав ништо, одеднаш слушнав гласови: Тој: О, убава си, љубов моја, убава си!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Додека Боге и Кате, затечени во ново сознание кое пред да ги расветли ги заслепи, само се погледнуваа и молчеа, Маре се преташе во прашањата сама што си ги поставуваше како стапица: - Значи, си им бил џандар. - Ако сакаш, и така речи го.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Привлечна сцена за гладните очи на љубопитниците што за момент нив можеби и ќе ги заслепи, но подоцна, кога ќе се сеќаваат на таа сцена никако нема да можат да се присетат која била целта и што сакал да им прикаже претставникот на маркетингот!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Да, бевме заслепени. Нас, простите селски деца така нѐ научија, така ни го имаа испрано мозокот што во него немаше место за да се роди мисла и мислење...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Очите само им шетаа по садовите и беа заслепени од сонцето што се одбиваше од препечената глина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)