засолниште ср.

засолниште (ср.)

Затворот му е засолниште и скривница за неговиот грев.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега се гледа. Сега само продолжуваа да се гледаат, а мечката, сфаќајќи дека тој може и на тоа растојание да ја јаде, стоеше на голината, далеку од секакво засолниште на белиот бришан простор, погодена и расколебана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чешмата вода има, гората засолниште, сигурно нема да бидат забележани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И паркот беше испустен, изгазен од многуте луѓе што во првите несреќни денови си најдоа засолниште во него. Изгледаше жално.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Македонските научници - астрофизичари со интерес и како своевиден раритет на посетителите им го покажуваат ова некогашно засолниште на љубовни авантури на француските кралеви, за да можат на ваков начин полесно да ве внесат во тајните на астрофизиката.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повторно долго спиеше барајќи засолниште во сонот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
„На гости ти дојдов“, зад мене има војници, пеам „тебе не те најдов, Кито моме“, бегајте или фаќајте засолниште, „китка од градина“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И копаме ровови, сечеме дрвја и правиме засолништа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа сонот и измислува засолништа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако од првите дни или со првиот оган се јавувала кај човекот желба да има свој имот, надоаѓала и желба да им а единствено засолниште зад чиј обрач остануваат заканувањата на злото и сите недостатоци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Правиме заштитна грамада. Нешто како ѕид, браник, засолниште.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По Крстовден, откако од обраните лозја се преселиле кршлаците, соопштувајќи дека водениците се арамиски засолништа, селото го поздравиле со оружје и со закани стемнети суварии.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Држејќи ја за рака, ја повлекол кон некакво засолниште што сѐ уште не можел да го види.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но само така им се причинило на луѓето во засолништата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега блештава и јасно црвена боја сака да ме обземе, а јас барам засолниште во меката и чадливата жолта боја.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Стојадинот треба да има засолниште.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се слуша, толпата се распрснува низ улиците, барајќи засолниште.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ако има врска со засолништа, ако не е докрај умртвен, тогаш Чанга и козите се сигурно живи... – Значи, има надеж... – го прекина најстариот брат, повеќе за себе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Засолништата беа под воена и полициска контрола...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На самото Кале, речиси на врвот, пред војничката касарна, има еден длабок бунар што води до засолништата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе