зачмаен (прид.)
Одев со глава замаен наведнат, мртов, зачмаен, одев со грутка на срце и каракамен на гради.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
По утрини росни, по мугрите пресни, наведени ничкум по полињата родни зачмаени ние го береме.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Улицата, сива и безизлезна, беше оттргната од својата секидневна зачмаеност.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Зачмаената улица оживуваше. Како матен порој ги валкаше во мов удавените луѓе - себични и нечовекољубиви.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но, наеднаш немаше во себе ни трунка желба, ни да се помрдне, маѓепсан од таа зачмаеност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Неговото тело често се побунуваше против таа зачмаеност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се стресна од својата зачмаеност и стариот вагон. Ги начули ушите.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Не се сакаше таков, бараше во себе сили да ѝ се противстави на таа зачмаеност, но не успеваше да ги најде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа интересирање може да се доведе во врска со (како корозија) гадното абење на уметничкиот јазик, кое Дишан го признаваше откажувајќи се од „сликањето“, заплеткувајќи ги сѐ повеќе традиционалните конотации на уметничката постапка и стремејќи се кон (менталниот и оперативниот) постојан „развој“, од онаа страна на зачмаените и утешителни „суштини“ за „делото“ како објект.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Велеше: „Вода што стои, не е вода; ти внесува зачмаеност, ленливост”.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Да ја имаше, оваа тешка зачмаеност, што го вклештила и не го испушта, би се стопила како што се топи мразот напролет и тој би нашол утеха, ако не и тиха радост.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во паузите меѓу ритмот, гласовите однадвор наликуваа на ѕвецкање прибор и чукнување чаши на тој ист конак на кој, изгледа, некогаш се наоѓав и каде што, заради зачмаеност, секој посилен звук можеше да предизвика необјасниво големо возбудување.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Од излет човек може да донесе дома и освежување, да ја скрши монотонијата, да ја раздува зачмаеноста, да ја разбранува жабокречината.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Боли изгубената надеж.... Зачмаен е, збогоросан, збобрен, сѐ му згорчи, сѐ му се зборави.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)