зачува св.
зачуван прид.

зачува (св.)

Секоја држава се мачи, ако не да прави нови завладувања, политички, економски и културни, тогаш да ги зачува оние што се направени од понапред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа треба да си ги зачува своите интереси таму, па и ако тоа зачувување не ќе биде по вкусот на „самостојната” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Едно нешто не го зачува српското име во Македонија; тоа е карањето помеѓу крал Марко150 и кнез Лазар.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од друга страна, „Германската банка“ и другите берлински банки настојуваа да ја „зачуваат“ „за себе“ Романија и да ја обединат со Русија против Рокфелер.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Се прашува: дали е „можно“ да се претпостави, под услов капитализмот да се зачува и натаму (а токму тој услов да го претпоставува Кауцки), дека таквите сојузи не ќе бидат краткотрајни? дека тие ќе ги исклучат разидувањата, конфликтите и борбата во секакви и во севозможни форми?
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Но тие шест месеци го лечеле, ама петолирката ја зачувале.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се излажав. Не беше јак да ја зачуваш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сѐ прави Џемал-ага да си го зачува своето гнездо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сепак тоа не беше и најлошото. Тој наоѓаше утеха, дури беше и задоволен дека се зачувал од еден опасен бацил: злосторот спрема државата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Помеѓу нив се протегнуваше невидлива оска и тие се зацврстуваа на двата краја на оската, за да ја зачуваат рамнотежата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Остана на своите ветки, полн со некаква ситост, што не можеше да ја зачува којзнае колку долго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Навистина, тој беше доста далеку од многу сртови, навистина -можеше да биде малку погоре, во една од погорните шпели, но барем успеа да си ја зачува затскриеноста, а тоа секому би требало да му биде доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, таа доверба, што ја имаше тој таа вечер, можеше да ја зачува само првата година.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А најглавното беше Бојан да издржи, да ја победи снежната опсада, да се зачува од сите зла што сакаа да го потчинат, да го скршат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мора да се зачува за себе, за мајка си, за татка си, за деда си, за добитокот, за колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сѐ си има своја памет, свој ред, сѐ се труди да порасне, да се зачува, да остави семе, да остарее. И билка, и дрво, и животно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Изгледа дека тие со векови заедно се граделе, заедно растеле, зашто и денес катедралата се чува грижливо за да не ја нагризе забот на времето и луѓето се трудат да ѝ ја зачуваат нејзината младост.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Франкфурт, велат, од германските градови најмногу ја зачувал својата стара физиономија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зашто со големи маки успеа да го зачува минувајќи со него разни земји и места во светот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пак човекот со сор оди по суви гранки за да го зачува огнот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе