збидне (св.)
Доста ја вложуваше сета сила и умеење што поарно да ги „исправи на нозе“ и со голема нетрпеливост чекаше да дојде и оној ден кога нејзините мечтаења ќе се збиднат, кога ќе ја види Нешка мома, Толето ерген и уште понатаму — Нешка невеста, а Толето зет крај млада невеста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Градината се отвора пред дождот како цветот пред видот во неа живее заборавениот свет на збиднатото.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Збиднувајќи се во некоја идна дистопија, романот е врзан за Кејс (Case), софтверскиот каубоец за изнајмување.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Поучуваше Гаудама Буда: Само кога би смогнал, сеедно на кој начин, да ја искусам силата - да се втројам и размножам себеси во еден и единствен - ќе можам да кажам дека светот не е она што му се открива на окото туку само она кое се чувствува и не збиднува.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Низ животот на Мајка, кој се одвиваше речиси во целиот тек на дваесеттиот век, се збиднаа и балканските војни, Првата и Втората светска војна, раѓањето и падот на комунизмот на Балканот, како и она на сталинизмот, распадот на Југославија, создавањето на Македонија, транзицијата од социјализам во капитализам.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ја задржував, колку што имав свесна моќ за тоа, во спомените, потоа, низ лавиринтот на потсвеста, таа за миг ќе ми се појавеше во некој од сништата кој секогаш се збиднуваше зад границата, во родната земја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ова Мајкино патување во Италија се збидна во пролетта 1939 година, неполн месец пред да биде окупирана родната Албанија, од дивизиите на фашизмот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Чудесен потфат да се создаде творба Високите талази на желбите да се збиднат!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Во поезијата на Алберти се славеше победата на вистината, враќањето од егзил, збиднато во Македонија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ако ми дадете да изберам помеѓу нападот на крупен силеџија силен на јазик и меѓу нападот на безопасен странец со сини очи, седнат тивко во некој агол, ќе видите дека нешто ќе се збидне во аголот секој пат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)