зборен (прид.)
Само што се вратив слушнав пишталката свири и сите моравме да се најдеме на зборното место. Ех, како ми беше криво!
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во центарот, по угорницата која започнува каде што завршува чаршијата. Зборно место кај „Чинарот“.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Е, токму на спојот на двата звука, тука блиску до соколааната, беше зборното место на Радица, матурантка во Економското училиште, и Роска, ученичка во Чевларското училиште.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)