згусне св.

згусне (св.)

Кога го нема (напразно) црвениот мускул на утрото да се згусне со рацете на малото девојче што не е тука.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Златните дамки во нејзините светкави очи страсно потемнеа, се згуснаа во грозд на чедноста и не беа грев; беа зрна на опиеност, семе на непознат плод.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гасне сѐ. Над крчмите се згуснува темен превез.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потем, притаен како вепар во мракот, чекаше да се згусне во него малтерот на отпорот, да ја соѕида арматурата на неговиот костур во тврд непробоен оклоп.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Виде во светлиот квадрат на зградата згуснати сенки и ја виде и неа со тие сенки, издолжени и сплеткани до четвртиот багрем на уличниот дрворед, и се одлепи во темниот ѕид.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Што чувте?“ љубезно ги праша; наслути - зад него коњот ја начнуваше сламарицата, чиниш ја џвакаше пресувата ноќ. „`Рзнување чувме“ , се згуснаа, се скаменија, пред него, бараа тактика.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мракот се згуснуваше над колибите и стануваше сѐ поцрн.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во зачадениот простор не ги гледаше повеќе другарите, се исполни сцената со војска и на Арсо му се слошуваше... очај и огорченост се згуснуваа во мозокот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Темнината бегаше од нивното упорно движење, се згуснуваше, пак бегаше, влечејќи ги своите искинати поли.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се згуснуваат сенките во каушот. И мрачното во очите се згуснува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Онаа густа топлина, онаа топла, мека болка, сега го заплиснуваше при секое ново и заедничко нивно пречекорување, а еднаш таа не можеше да не почне да му се насобира во грлото и тука да го грее, да тлее меко, згуснувајќи се, сѐ додека не беше свесен како тоа почнува и да му се тркала по двете страни од лицето надолу, кон слепоочниците со еден ист таков жежок и мек допир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше сега дека тоа нивно колебање не доаѓа од чекорењето, туку дека таа игра се создава од чудната случајност на згуснувањето на роевите своеглави снежинки, а неговиот поглед, често губејќи ја својата цел, просто го проголтнуваше целиот тој матеж таму, мачејќи се да го улови секое нивно прострелкување, секое матно просенување низ снежните преспи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше речиси видлива таа молчелива игра со темнинката, што се згуснуваше и остануваше да лебди постојано на истата граница, до која што излегуваа и волците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Трајче тураше брашно, а Евто мешаше... Кога кашата се згусна, качамакот беше готов и сварен.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сивата боја на небото постепено се згуснуваше, облаците како да се спуштија пониско и веќе налегнуваа на најблиските височинки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На десетина метри западно од колибата се простираше чистинка, омеѓена од северната страна со две, три стари буки, од јужната со поточето и коријата што почнуваше преку него, а кон запад чистинката свршуваше со ретки, стари јаболкови и крушови стебла, кои потаму се згуснуваа и сраснуваа со густата букова корија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одам по долината и додека таа се шири за нови чекори сонот ми се згуснува за нови возбуди во стари непреоди во кои се оди долго.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Вчас времето се вдаде се згусна и надојде од сокот со пролетта што нечујно татни по жилите.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Воздухот се згуснува и врие од немајкаде клопчето од инсекти над ружите што лета здивува заканувајќи се.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ноќе, или во првите ноќни часови, сиот „Пигал“ се капе во шаренило од светла и тогаш овде најмногу се згустнува од луѓе, од љубопитни шетачи и гости на Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе