здобивање (ср.)
Тој всушност ужива во самиот процес на здобивање со знаење исто толку, ако не и повеќе, колку во процесот на донесување на одлука.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
При здобивањето поголемо искуство во однос на активностите, за ОСС посебно внимание се посветувало на британското искуство во „психолошката војна“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)