здравство ср.

здравство (ср.)

Со Моне живеевме на Сењак, во мансардата на „вилата“ на г-ѓа Јамбришак, вдовицата на првиот повоен министер за здравство.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Поради братовото влијание, кој беше на високи позиции во здравството во Републиката и во Федерацијата, прво како министер, а потоа и претседател на Собранието на Македонија, од неговите колеги беше формиран и посебен медицински конзилиум кој требаше да направи сѐ Мајка да се спаси.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Барам начин да ми се валоризира трудот потрошен за совладување на медицинската наука! Сега на ред се реформите за Здравството!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
У Канада здравството е тотално бесплатно.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Од 1964 до 1976 година Христов бил максимално ангажиран во повеќе активности на државата Вермонт: бил претседател на Комитетот за здравство и социјална политика, претседател на Заедничкиот комитет за високо образовни студии, претседател на заедничкиот комитет за проучување на проблемот со дрогата, и комисионер во Комисијата за образование на САД, како и претседател на Советот на Државната библиотека.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дежурството во здравствените установи се уредува со прописите од областа на здравството (чл. 118, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
-Многу ми е жал што морам јас да ти соопштам дека пред неколку минути вујко ти почина, ми рече тогашниот државен секретар за здравство во краткиот телефонски разговор.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Установа се основа заради вршење на дејност во областа на образованието, науката, културата, здравството, социјалната заштита, детската заштита, заштита на лица со интелектуална или телесна попреченост, како и во други дејности кои со закон се утврдени како јавна услуга (чл. 6, ст.1 од ЗУ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во тој период јас работев во Министертсвото за здравство.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Темата беше реформите во здравството.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Француската Источна армија, во 1914 година во блискиот град Корча, пред сѐ, од стратешки воени причини, ја зазеде Корча и тука формира мала Корчанска република, посади преку ноќ мали европски институции во доменот на администрацијата, судството, здравството, даночната политика, по зазор на француските институции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)