зине (св.)
Ајде, зете, стори си ја честа. Зини да ти го чуеме гласчето.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Мече зинува да праша, но глас не се слуша.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
За чудо кога стасаа до дното, наеднаш стана светло и двајцата бегалци зинаа од чудо: на неколку чекори од нив, сред мрежа од трева и други подводни растенија, стоеше едно големо чудовиште.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ха-ха-ха! ... Некаде насреде од чудовиштето зина огромна челуст, водата закипе, се запени и Мече усети дека расте, се надига над него бескраен воден свод.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
с. Ореово, Битолско Во Преспанско сонце зајде И мрак темен покров фрли, a од мракот шум се дига смрт лоша уста зина.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Остана така зинат и сличен на клен. - Беличот?... Да, бел е.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А таа, чиниш некој да ја влече за нос, ја изкриви главата и зина: - Кој ја знае. Побегна со еден наредник, овца една.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
— Лелееее! Јас сирота! Зини земјо да ме г'тниш! — почна Митра да се стиска и прсти да крши.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во сандачето (тоа беше куферче) бенге зела од кај браќа си дветри кила компири, и кога ѝ кажа на Митра дека таа ќе го зготви петелот, ни со бонгур ни со ориз, ами со компири, оваа зина од чудо и за малку што не извикна: „Да е видел господ, кокошка со компири ќе ми готви ваа орјатка! Шо ни се чуло, ни се видело!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тесногрлата цевка зина кон капетанот, темна, злокоба, и тоа го стори како еднаш засекогаш да сторува.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Немам причини да се жалам на животот. Еден контрабандист како што сум јас живее храбро, интензивно. Како зината челуст на вулкан.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Неочекувано ожедне; зина неговиот мрак и го разниша.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но тој не стигнал ни да зине, кога таа удрила со бастунот по масата: - Слушајте, началниче, му викнала со страшен глас, - ако не го отпуштите веднаш оној некадарник, ќе летате и вие одовде...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Пропаст. О, зини земјо, голтни ме, ако треба со оваа да легнам...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„За тоа прашај го докторот“, го посоветуваа другиот. „Ние сме болничари и не знаеме сѐ.“ „Болничари“, зачудено зина. „Мислев дека сте епископи.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ќе зинат провалии и во нив ќе потонат злите сили. Ќе успееме ли...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Многу ретко можеа да останат лежејќи во мекиот полушепот на врнежот, кој сосема не беше тишина, а очкувањето на новиот писок зинуваше во нив со уште поужасна бела јалова морница.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше само еден миг, во кој беше сѐ загубено, наеднаш чиниш беше замрзнато, а Језекил можеше добро да го види она, што го имаше момчето во своите очи; беше еден толку кус миг, само колку тоа скочането момче да може да погледне во Језекила, но старецот можеше многу добро и во истиот миг да го препознае во тој поглед она, што го измачуваше самиот него целото тоа лето, и само додека зина да му свика на тоа момче, речиси со бела коса од сонцето, да ја пушти копанката, момчето се отпушти од талпата и потона надолу; провалијата меѓу ѕидот и скелињата просто го проголтна неговото тело и го понесе низ оној тесен процеп меѓу скелињата и ѕидовите, што се стрмоглавуваше сѐ до подножието на зданието, а по него и неговата полна копанка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И наеднаш белата мека небеска шир ќе ја собереше како во еден здив и ќе ја наредеше на еден единствен стог на хоризонтот, оној северен ветер, а од средината на високото, крвјосано небо ќе зинеше со сета острина на своето срчено око северната ведрина- цибрината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Одвај малку покриено со пердувчиња, тоа сето трепереше и беспомошно зинуваше цивкајќи премалено.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)