зрел (прид.)
Оде што оде и најде еден извор, та појде и се напи една вода; до изворот најде емиш зрел и си скинал та се поранил, оти беше умрел од глад.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
ФИДАН: Бре, бре, бре! Сиромав Славче! И тој излегол некој љубовник. Зрел човек од дете женско да брани и џандари да вика!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Јас ќе и најдам на Антица маж богат и, онака, зрел човек во години, а не што лапа муви како оној копук.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
На општото гумно, над селото горе вршалица врши, снопје -класје зрело; есенската угар со трактор се оре, - нов живот се раѓа во моето село!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Златните коси им блескаат, зрел сноп се на сончева светлина.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Со сета тежина паднав на левата нога врз растурените зрели цреши.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Мирисаше на зрели, сочни лубеници. И на солзи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сега чинам Францељ, ти мислеше поинаку кога нѐ веселеше нас: барем уште еднаш со Минца да минете по зрелиот разбушавен клас.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
И зашто има две очи, прекорот е убедлив, не за она во зрелата `рж туку за нешто што и ти не го знаеш.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Просто - немаат сенки ни спомени ни тиха тага по шумолита зрела ’рж.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А оваа острица режеше како што се реже зрел клас под грло, да шибне сок, бол, збор.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На мала цврста лединка прскаат жолти сонца под копитата на гладот Темни концентрични тежини бујат над пејсажот зрел што плаче со искри од леб Луд виор од млади надежи сонува шарени звуци – широка песна на ветрушка Огромни товари ден лазат по долгиот пат од солзи и од смев
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
„Кога ги провлекував прстите низ твојата коса, само по мекота поинаква од зрела `рж, не знаев дека еднаш, дење или ноќе, сеедно кога и каде, ќе го сторам тоа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Над зрели плодови мируваа позлатени лисја.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Беа две огромни скоро валчесто исплетени рачишта на кои и на крајниот член на дебелите прсти стоеше по една киска влакна, а обете имаа по еден набабрен зрел грозд дамари на наддланката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Црешите беа сосем зрели и црвени висеа на дрвјата.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Пред големите тркала на црвениот двокатен автобус стои дете, големо само колку нив, вкочането и жолто како зрел лимон.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Млада, убава, како тетовско јаболко румена жетварка, пченица зрела жнее и песна пее: „Излегол Гоце војвода чумата да ја пропади,“ По сочните зелени падини, ливади и китни македонски гори, пасат белоруни стада.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Низ папрата се црвенеа зрели црвени јаготки.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Јаготките беа зрели и црвени како крв и во устата на Трајчета се топеа како маст.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)