игрив прид.

игрив (прид.)

Храно велам хранете се испотени и влажни од топла пареа што се цеди од колковите на ноќта Игриво зањискајте да вриснеш скокни ти птицо со заборавените крила козјонога танчарко кобило преуморена преку овој прозорец да скокнеме заедно и во него пак и секогаш без запирање по сенестата ведрина на просторот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Од каде о каде доаѓаш позната незаборавна песно ти дете безнадежно ти наивно стрело од тревите и птицо на калта сува и бескрајна врвицо низ дождот врвицо сребрена игрива камењарко каде ме водиш
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
По подот, масите, голите рамена, главите, во чашите - игрив шарен превез. Конфети...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Денот весело стрча во дворот. Сончев. Насмеан. Игрив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Знаеше дека се такви и од сета игривост што ја имаа, во нивниот синџир беше собрана игривоста на целото тоа разденување, таа ги исполнуваше нивните само привидно стамени и одмерени движења, знаеше дека уште следниот миг дури да трпнеш можат да исчезнат, како изветреани, знаеше дека може да ги исплаши само едно мало сомнително раздвижување на воздухот, што не дошло од нив, бидејќи беа свесни дека се сами на тие своти вишини, дека тие се само нивни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гледаше како во неговите полузатворени очи се исплетуваат од светлината безбројните игриви виножита: сино-црвени, винено-жолти, лилаво-зелени, со полно усвитени искри, што се менуваа во една бескрајна низалка на боите, создавајќи уште во првиот следен миг нешто сосема ново.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го сеќаваше дека е тука повеќе од здивот, знаеше дека беше дојдено по тие рубинени сртови најмногу со својата кожа, врз која она беше некаков игрив допир, а за сето време продолжуваше да скита со погледот по сиот рубинен свет крај себе, не испуштајќи ниеден миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сталинка првин срамежливо, а потем игриво појде кон прчот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Два помлади, со бело-златесто космато крзно и со високи поткривени рогови, игриво си ги одмеруваа силите допирајќи се со роговите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Распростри ги јорганите бели, бели снегоплатнени, спаси нѐ од модриве ножеви студени, што се зариваат сега кога по нашиов пат штотуку заоди игривото коњче на животот со мед и млеко!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кога би го имал металното зрно страв што фазанот го носи на врвот од клунот додека се обидува возбудените женки качени на танки но брзи нозе да ги преведе преку поспаната шумска патека што бавно води кон самиот врв на брдото не ќе го досегнев никогаш оној игрив чекор на старчето што својата мудрост и стрпливост по истиот пат ги пренесува.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сенката стана тело: Рељефни дланки затегнати тетиви мрежа од игриви вени.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Јас станав новата мета иако ни првата не беше доработена, тој наизменично сакаше да игра со двете, а Лима непречено ги губеше нервите и ја јадеше самодовербата кога тој ќе се свртеше со своите игриви очи кон мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)