игуменија ж.

игуменија (ж.)

Гласот, оној негов или на некој што е невидлив, прашува со нагласени согласки што ќе види и тој се сеќава на сѐ што гледал во куќата како дете: сабја кулајлија со вткаени букви од сребро во канијата - Смрт или слобода, стари црковни книги од времето на минатовековната игуменија Минадора, француска или германска кацига од времето на Балканските војни, турски тепсии со богати шари, ископани и начнати римски или такви некакви фигури на светци и војници, шандани, кандила, ками.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повторувал - светец, посник. - Светец, воздивнала со прекорно сомневање игуменијата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Верувал дека игуменијата Минадора и некои од старците ќе знаат како да ја совладаат чумата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Добро, рекла игуменијата. - Сепак, четириесет и кусур воденици се многу.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само што влезе во авлијата, една голема порта отстрана се отвори и пред Марко излезе игуманијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еј, тој голем зулумќар прилично бељи ни прави во крајов”, рече игуманијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Гости?“ праша измеќарот, гледајќи го загрижениот израз на лицето од игуманијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)