измеќар (м.)
И он отишел, влезнал дома, и скоро земал тефтеро, и видел жената на господаро курвила сос еден измеќар. Ама не гледал на них.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Туку може да му излезе кисело... уф, неговиот измеќар! Ништо, лесно со него.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СПИРО: А, Анастасијо, Анастасијо, нека ти е алал лебот што го јадеш во оваа куќа и уште од малечка името што го носиш: измеќарка на чорбаџи Теодос!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Туку за среќа наиде измеќарот твој...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ако ме тепа, мажот ми ме тепа, а не јабанџиите како тебе по Солун кога беше измеќарка!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
После меѓата ако не му чини на некого, ти ќе си бараш работичка, ние ќе си бараме измеќар.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Цел ден ги обиколуваше ридиштата, помина и откај колибата на покојниот дедо Иван, каде сега за добитокот се грижеше некој туѓ човек, измеќар, бидејќи син му на дедо Иван не можеше да се врзе за колибата, беше премногу зафатен со полски работи околу селото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- А ти што наваму? - праша измеќарот. - Барам едно загубено теле. Два дена го нема...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Оваа матеница не е готова, - рече измеќарот. - Имам скисната од некни... Ако сакаш...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во ходникот ги дочека другиот измеќар, поправо измеќарка, младото Кате, шеснаесетгодишно девојче, ќерка на чифчијата — ковачот Стевана, кое Адем го беше прибрал кај себе, ете така, да му ја краси кулата, да ѝ прислужува на каданата и да внесува кафе ракија кога ќе му идеа гости од машки пол.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И не е никакво чудо, Адем е чифликсајбија со имот од илјада дулуми, илјада и петстотини овци, сто и педесет говеда, дваесет коњи; со кула и кошари за чифчиите, а Муарем е негов измеќар, само за разлика од другите тој не е обичен слуга, а служи со извесен понос.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Таков беше адетот кај сите бегови: да држат по едно младо („живинче") во кулата, да се знае дека се чифлигари и дека имаат измеќари за секаква работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се слушнало само некакво суво дишење, болно и испрекинато, човекот можеби се засркнувал, додека и другите околу него не почнале да дишат како и тој, претсмртнички или пијано, потоа тој Јане Крстин офнал и се занел на една страна, тогаш кога сите знаеле дека од негде некој стрелал кон нив, кон сета толпа, сеедно во чие месо ќе се забие оловото од бездруго долгата арамиска, беговска или измеќарска пушка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И тој и селото и ридиштата наоколу биле фатени во обрач на мрак зад чија граница можел тогаш да се стеснува нов обрач на онбашии, заптии, јузбаши, чауши, кајмаками, мулазими, кадии и секакви одбрани стрелци и мислители на царството, повеќето со измеќари, соколари или ќати, но сите со кубури, со долги или краткоклуни пушки, со јатагани, анџари, џилити и наџаци на чие железо со златни или со сребрени нишки е запишана муслиманската покорност пред пророкот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не, мислел, не е глува и не е нема, мајка ѝ само сакаше да ја спаси од бегот и од неговите измеќари.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Повремено измеќарот оди кај аргатите и им носи вода во стомните за да не доаѓаат тие под сенката и да не се губи време во преидување.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Стрчнуваат измеќарот и кметот да го фатат, но тој со сета сила бега кон селото.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Убав изговор да си го направиш надевањето измеќар...
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ливаѓни имаа свои луѓе овде во селото, јатаци, кодоши и измеќари.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)