изнемошти (св.)
Но тоа варира од место во место: на пример, во Германија не сакаат МDМА бидејќи те изнемоштува, вниманието попушта.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таму им беа нивните Библиски гори во кои наизуст ја учеа песната на Суламка: изнемоштувам од љубов, возљубен мој, трчај скокајќи преку ридови и гори и дојди, положи ме како печат на срцето твое за да доизгорам...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Искрено, ме изнемошти прашањето и не можев да се воздржам, а да не ја задоволам неговата потреба за сочни содржини.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)