изолација ж.

изолација (ж.)

Се обидуваше причините за ваквото свртување на синот кон партијата да ги побара во себе, во својата изолација од партијата, од политиката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По бурните настани во земјата, по судирот со Сталин и последиците што следуваа, големата изолација на земјата, првин засилениот глад, а потоа незаборавните пакети од Америка, од кои никогаш не го заборавивме месото со шеќер, јајцата и млекото во прав; граничните инциденти и првите жртви со соседните социјалистички земји.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Исто како што хирургот, при операција на срцето, не може да го занемари телото што го опкружува срцето, така и за преведувачот е погубно да го обработува текстот во изолација од културата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
[Следува дека односот помеѓу конструктите не може да се разгледува со помош на бинарната логика]; да се користи бинарната логика всушност значи да се исфрли третиот [генерички] поим, позадинската генеричка природа и да се третира биполарниот контраст како тој да може да се појави и да има значење и во изолација.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Многу повеќе механизми се опишани во психоаналитичката литература вклучувајќи: инверзија, реакциона формација, изолација, редупликација, свртување против себе, преисправање, идеализација, дереализација.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Изолацијата мора да биде условена. Индивидуата е замолчена, стопена со мрежата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мојата генерација живееше и се создаваше во постсталинистичкото време, кога беа отстранети границите на изолацијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Загрозеноста на животот на целото општество дојде до онаа граница кога е неопходно, НУЖНО, да се разбуди јавниот граѓански морал, сите разумни без скрупули да истапат, секој од она место каде што се затекнал, сите заспани и застрашени морални императиви одлучно да се разбудат во секој оној што себе си се смета за морално суштество, коешто мора да го дигне својот глас против изолацијата и војната, за мир и соработка со светот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
По новите векови изолација под Византиската, Отоманската империја, следеше големата изолација предизвикана од Империјата на сталинизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во патувањето ја гледав својата родна земја окована во стотиците илјади бункери, херметички затворените граници, жртва на својата изолација.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А и мајка му и татко му ја ставија во изолација...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како би ја сфатил нејзината понижувачка состојба? Ужасна изолација!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таму веруваа дека нема друго решение освен меѓуетнички судир, кој ги стави во целосна изолација од меѓународната заедница.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Изолација од комуникација. Непродуктивноста плете мрежа околу мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Инаку, Клемперер, филолог и професор по француска книжевност кој за време Хитлерова Германија преживеал само поради ариевската припадност на неговата жена, бил унижуван, ставан во изолација, имал и забрана да се бави со професорска пракса, но сепак, успеал да ги сочува своите филозофски записи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ја уапси нејзината младост со големиот катанец на изолација од недоразбирање, го видов крајот на нејзиниот сензибилитет...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И обајцата беа согласни со тоа дека во лексичкиот фонд на секој природен јазик постојат домашни и заемени зборови зашто не постои јазик во изолација, не постои јазик кој е чисто свој.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Прав си, нема поголема несреќа од затворените граници, од изолацијата во која се најдовме!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)