изразито прил.

изразито (прил.)

91. Иако имаше силни манифестации на македонската национална свест уште од половината на минатиот век, сепак 1890 год. претставува значаен меѓник во македонскиот национален развиток, бидејќи тогаш најизразито се почувствува активноста на туѓите националистички пропаганди и настана нагло и моќно раслојување на поранешната единствена народна маса што предизвика и најсилни бранувања сред македонската интелигенција за отпор против туѓинците и за народно единство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој го помогна и доаѓањето на германскиот принц Фердинанд I Сакс-Кобург-Готски (1861-1948) за бугарски кнез (1887), а самиот стана министер-претседател со изразито прозападна и антируска ориентација.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако источните ѕвезди започнуват да добиваат изразито црвена боја, да пламнуваат како оган - претскажуваат војна.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Полето имаше изразито зелена боја што се преливаше во разни нијанси што идеа од насадите на нивјето: пченица, 'рж, пченка, детелина, трева.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Имаат изразито потенцирани заби. Можат да гризат и да бидат опасни.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Кога ме гледа човек би рекол дека имам изразито спуштени слепоочници.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Силите што беа за помирлив тон со козарите и козите не беа толку бројни и гласни, зашто се плашеа од изразито антикозарските кадри, кои беа готови да ги манипулираат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Насловната беше темпирана за “Денот на вљубените”, (Св. Валентајн), и прикажува бакнеж меѓу Евреин - Хасид и Црна девојка (според фризурата, со потекло од Карибите), во време кога во New York се случуваа изразито насилни конфликти меѓу Хасидите и Црнците од Бруклин.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
СЛИКА: ДЕДО МУ АВРАМ Ковчесто лице со испакнати јаболкца, изразито четвртаста вилица, поврзана со горната со еластични мускули, чиниш како отпосле да е додадена, така што при џваќањето му се спушта подолу од вообичаено, но тоа не се забележува од густата брада; забите прошарани со по некој златен заб, како што ги топел прстените и ги преселувал на нив; со нив прегризува сѐ што ќе му притреба: нокт, конец, или да отреши јазол; кога луѓето ќе му заблазнеа на златниот блесок на забите, ќе им речеше: „Кога по смртта ништо не ќе остане од мене, по нив ќе ме препознаете...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Немаше многу други капачи/излетници во околината, а оние коишто беа тука изгледаа изразито локално; ние воопшто не знаевме арапски, освен неколку безобразни зборови собрани од Шехерезада, и иако поголемиот број од мароканските деловни луѓе зборува француски, шпански или англиски, тоа не е случај со обичниот работен народ.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Влатко ја прифати подадената дланка со изразито долги и тенки прсти.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Околу одвај изразито издолжениот врат имаше бисерен гердан.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Четвороаголното претсобје беше наместено како дневна соба, со кауч, две фотељи, изразито гломазни и четворна, сниска, прилично просторна маса прекриена со наштиркано бело милје и една голема зелена стаклена чинија полна со домашни ситници за да ѝ бидат при рака на домаќинката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Брзакот тргна во тој правец и веднаш потоа во влезната врата се појави и втор милиционер, изразито дебел, како подуен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И обајцата го имаа изразито чувството и радоста и тагата, несреќата да ја примаат со иста мера.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И додека ѝ се восхитуваме и насладуваме на глетката, не забележавме дека на соседната клупа седнаа двајца мажи на чии лица изразито се гледаат старечките брчки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Па тоа и за обичен војник е сфатливо и не разбирам зошто токму мене ми се упатуваат такви поучувања или инструкции... - дофрли Кикицас со тон во кој сега изразито ја искажа својата навреда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но културните практики си имаат и сопствени особени составни делови, кои не се совпаѓаат сосема со опсегот на секоја демографска група посебно и нивната распространетост кај популацијата не ги следи точно цртите на разграничувањето – кои и самите се изразито размачкани – кои ги бележат меѓите помеѓу различните заедници или различните општествени колективитети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)