имање (ср.)
И Сулејман, којшто го продал имањето сето, гонет од младиот порив; за сабја дамасклија немаше веќе на светот она што не би го сторил...
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Дури си мислел така Силјан, сам беше го оставиле во една одаја луѓето, чунки ошле да ги наранат имањето.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Од сегашното признавање на постоење на Балканскиот Полуостров само три словенски народи: Словенци, Србо-Хрвати и Бугари, со негирањето на Срби во центарот на Македонија, како индиректно да се признава имањето таму Бугари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
При имањето една слободна Бугарија ние мислевме зошто ни е Русија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од ден на ден оваа мисла Стале ја ширеше по сите околни села и почна редовно да се вртка околу дабот и кладенецот Илинец, каде што сопственицата — сега вдовица, — Трна, секој Илинден колеше по едно имањце како на вакавиште да ѝ го пази свети Илија последното детенце Петка, бидејќи пред некоја и друга година беше умрел мажот и Стале и три постари деца, та Пецето ѝ беше единствената надеж на изгорената мајка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Обично кога си иде човек од пазар го запираат луѓето и го заговаруваат да им каже што ги интересира: како поминал на пазарот, како го продал имањето ако терал, скапија – евтинија...
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Никогаш не можел да има таков однос кон работите, ниеднаш не ги посакал за себе, пред да помисли дека за секоја од нив треба и самиот да остави нешто; мислеше на убавината на едно такво имање, кога ќе можеш она да го покажеш со отворено лице пред сите, и на нечистотијата на едно онакво имање, а знаеше дека тоа го имаат во себе и повеќемината од нивната група; беа малцина оние што му завидуваа и што му се дивеа на оној.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога има војна секогаш зимите се длабоки, а имањето ти рика, му се јаде. Не те прашува дали имаш, ти бара. Сите сечат за козите, јас за кравата, за магарето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Однесувањето на Фјодоровата мачка, славниот пример, со нејзините очекувања на храна и соодветниот избор на место кадешто ќе се склопчи, според ова гледиште, не би можело адекватно да се објасни без да ѝ се припишат, и тоа на не-тривијален начин, состојби како што е имањето претстава за тоа како нештата се распоредени во нејзината околина, и според тоа, извесни верувања и желби со определена содржина.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
А јас, да ти ја речам вистината, и самата ја знаев сета таа историја, бидејќи сето тоа лично го имав слушнато со свои уши оној ден, кога дед Павел ги покани сите Белогардејци кај него, на имањето, и приреди богами богата гозба.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Го купил значи имањето за да има каде да седи во тишина и да ги гледа ѕвездите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Застанати простум пред иконата му се помолиле на Господа и Богородица, па излегле во дворот со јајце вапсано и со светена водица да го поминат имотот и имањето.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)