индоктринира (св. и несв.)
Престара сум, индоктринирана, научена дека телото ништо не вреди, дека е само мета.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Знаете, креативноста не дозволува да биде индоктринирана. Никому не можете да му ја затрете смислата за хумор, таа брза релативистичка способност на течно и брзо жонглирање со идеи.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Основната цел на капиталистичката демократија е апсолутна власт на мала одбрана група луѓе врз контролираната маса која на најразлични начини ќе се индоктринира и ќе се манипулира преку сапуници, кич музика, циркузијадни естрадни фаци и секаков шунд кој се наметнува преку медиумите кои се под нивна контрола.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)