инсталира (св. и несв.)
Од малиот телевизор, мал колку голема кутија за кибрит, инсталиран над умивалникот, рамномерно капеа неразбирливи црно-бели сликички.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Минатата година инсталирав телефонски центри во двеста градови. Ја населив оваа планета со Бартони!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
*WELL е компјутерски систем за конференциски комуникации инсталиран во заливот на Сан Франциско, што стекна култен статус до тој степен што уметничката група Station Rose изведуваше уметнички перформанси за него. 28 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тој и самиот беше навремено известен за враќањето на владиката, но на тоа гледаше како на технички податок, со оглед на битните задачи, коишто поради примопредавањето и инсталирањето на новата власт на островот, веќе му се наоѓаа во задоцнување.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)