интернет м.
интернет-кафе ср.

интернет (м.)

Врз таа изјава може да се изгради тезата според која Граси е всушност Нет-уметник бидејќи користи една форма типична за Интернет, колективната креативност, како што заклучи теоретичарот Фрањо Рихтман: „Дигиталниот домен нуди нелинеарна околина... која го охрабрува развојот на колективната форма на работа, кадешто детериторијализацијата на традиционалната творечка структура овозможува разнородност и нестабилност и нуди можност за продуктивна различност”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога „Е е за Екстази“ излезе од печат, Сандерс стави хипертекст верзија на својата веб-страница на Интернет, која оттогаш им е достапна на десетици илјади читатели.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кои се ограничувањата на ХТЛМ? За сега сѐ уште универзален компјутерски јазик користен на Интернет, HTLM и браузерите што го интерпретираат создаваат квантитативна структура на размена која го режира текстуалниот или говорен тек и го регулира неговото ширење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се сетив на приказнава, гледајќи ја ќерка ми како со часови сурфа по Интернет, или, уште подолго, мирца.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А авторот нејзе во последно време ѝ се јавува по полноќ и секогаш ја наоѓа кога ора по Интернет заглавувајќи во еротски „дејанија“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дење читаше и слушаше вести на телевизија, на радио, на Интернет, по весници...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
еБај – купување преку Интернет на ствари што се ефтини, а де факто не ти требаат.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Читам на Интернет како сме го попушиле на самитот на НАТО во Букурешт: само Америка нѐ поддржала, а сите останати си свиркале загледани во плафон, бетер од дебарски молери!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Бараш на интернет кој модел највише му одговара на твојот животен стил (читај џеб) и црта.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Клучен доказ е тоа што ниту еден животински вид такво нешто не практикува... како па за сѐ друго да сме идентични со животните: пиеме кафе ко жирафи, играме шах ко фоки, сурфаме по Интернет ко двогрби камили, те цепиме атом ко млади мајмуни.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кабелската и интернетот паѓаат, во запалката нема бензин.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
А и кој нормален би градел музеј тука - за време на локалните избори додуша им ветуваа споменик на сред село, интернет во секој дом и топла вода од сончеви колектори, ама единствено што добија од сето тоа беше плазма телевизор во локалното гранапче, преку кој ги слушаа владините соопштенија.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Новите лесноумни петпари не даваат За старите поговорки Тие секоја гунгула ја нарекуваат креативност Потем така наречената креативност уште и ја остваруваат И за секој непочнат сон отвораат нова страничка на интернет Ѓоа некому му е гајле што сонувале баш тие Па ќе тарашка по нивните непочнати соништа на интернет Јок џанам, многу бргу се разоткрија Распродавачите на селански соништа На градските плоштади
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Влегувам во канцеларијата и при тоа го извршувам сето она рутинско „добро утро”: ги палам светлата, разгледувам дали има пропуштено повици, си подготвувам кафе (со малку грижа на совест поради типичниот македонски почеток на работниот ден), а потоа со часови се нурнувам во компјутерот и се препуштам на долго, бескрупулозно, бескорисно, безидејно, безпотребно, без исав сурфање на интернет, кое во последнава година само ми го доослабна и онака слабиот вид.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На интернет страницата на Агенцијата за странски инвестиции, меѓу другото, пишува: „Со цел да се поддржат компаниите и да се зголеми нивната меѓународна компетитивност, Владата воведе законски реформи во функционирањето на пазарот на трудот кои овозможуваат полесно вработување и отпуштање на работната сила.“
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Два месеци ги полнев џебовите на интернет кафето сè додека не го сменив посраниот провајдер па да продолжам со секојдневната доза од дома.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Според светските проучувања, за зависник од интернет се смета секое лице кое поминува најмалку 4 саати дневно па од ваквите податоци со сигурност може да се заклучи дека Македонија има еден куп нет-џанкери.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Доколку не беше усраниот провајдер да ми го исклучи нетот, немаше да сфатам дека и јас спаѓам во групата на интернет џанкери.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се мразам себе што вистина кажувам и мразам што морам пак да се докажувам мразам Теве, но сеуште го гледам мразам и интернет, а пак на него дремам
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Авни се радуваше на своите внучиња кои му се јавуваа на интернет преку скајп мавтајќи со рачињата за да му кажат: „Вујче те сакаме. Те сакаме вујче Авни!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе